Префрли се на текстот

Ме привлекуваат лица од истиот пол — дали тоа значи дека сум геј?

Ме привлекуваат лица од истиот пол — дали тоа значи дека сум геј?

 Не.

 Факт: Во многу случаи, привлечноста кон лица од истиот пол е само минлива фаза.

 Тоа го сфатила и Лизет (16), на која едно време многу ѝ се допаѓала една девојка. Таа вели: „На часовите по биологија дознав дека, за време на пубертетот, нивото на хормони во организмот може значително да варира. Уверена сум дека, ако повеќе млади подобро се информираат за своето тело, би сфатиле дека привлечноста кон лица од истиот пол може да биде привремена и повеќе не би чувствувале притисок да станат геј“.

Сите млади се пред избор — да го прифатат изопаченото гледиште на светот за сексот или да се држат за високиот морал од Божјата Реч

 Но, што ако твоите чувства кон лица од истиот пол не се само минлива фаза? Зарем не е сурово Бог да му каже на оној што го привлекуваат лица од истиот пол да не биде геј?

 Ако на последното прашање одговори потврдно, треба да имаш на ум дека таквиот заклучок се темели на искривеното гледиште дека луѓето мораат да ги задоволат своите сексуални желби. Библијата покажува дека, ако сакаат, луѓето можат да изберат да не ги задоволат своите сексуални нагони (Колошаните 3:5).

 Ставот на Библијата не е неразумен. Од оние што ги привлекуваат лица од истиот пол таа го бара истото што го бара и од оние што ги привлекуваат лица од спротивниот пол — да ‚бегаат од блуд‘ (1. Коринќаните 6:18). Факт е дека милиони хетеросексуалци кои сакаат да ги следат библиските мерила се контролираат себеси, без разлика со какви искушенија се соочуваат. Лицата со хомосексуални желби можат да го сторат истото ако навистина сакаат да го радуваат Бог (5. Мојсеева 30:19).