Префрли се на текстот

Кое е библиското гледиште за браковите меѓу лица од ист пол?

Кое е библиското гледиште за браковите меѓу лица од ист пол?

Што вели Библијата:

 Нашиот Творец поставил мерила во врска со бракот долго време пред државните власти да донесат закони што ги регулираат семејните односи. Во првата книга од Библијата читаме: „Човек ќе ги остави татка си и мајка си и ќе се прилепи до својата жена, и тие двајцата ќе станат едно тело“ (1. Мојсеева 2:24). Според Вајновиот толковен речник на библиски зборови (Vine’s Expository Dictionary of Biblical Words), хебрејскиот збор за „жена“ „означува човечко суштество од женски род“. И Исус потврдил дека брачната заедница треба да ја сочинуваат „машко и женско“ (Матеј 19:4).

 Значи, Бог имал намера бракот да биде трајна и блиска врска меѓу еден маж и една жена. Мажот и жената се создадени да се надополнуваат еден со друг за да можат да си ги задоволат емоционалните и сексуалните потреби и за да можат да имаат потомство.