Префрли се на текстот

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Дали сум одговорна личност?

Дали сум одговорна личност?

 Оцени се себеси!

  •  Јас сум (...) секогаш, често, понекогаш или никогаш

    •  искрен

    •  достоен за доверба

    •  точен

    •  вреден

    •  уреден

    •  услужлив

    •  чесен

    •  учтив

    •  грижлив

  •   Која од овие особини ти е најјака страна?

     Труди се и понатаму да ја покажуваш (Филипјаните 3:16).

  •   Која особина ти е слаба страна?

 Следните совети ќе ти помогнат да ја развиеш оваа особина.

 Што значи да се биде одговорен?

 Одговорните личности секогаш ги исполнуваат своите обврски и свесни се дека сносат последици за своите постапки. Затоа, кога ќе згрешат, тие си ја признаваат грешката, се извинуваат и се трудат да ја поправат штетата.

 Библијата вели: „Секој ќе го носи својот товар“ (Галатите 6:5).

 Зошто треба да бидам одговорен?

Оној што е одговорен мудро ги користи своите способности и затоа другите го ценат и се однесуваат со него како со возрасен, а родителите се спремни да му дадат поголема слобода и да му ги исполнат барањата.

 Библијата вели: „Си видел ли човек вешт во својата работа? Таквиот ќе стои пред цареви“ (Изреки 22:29).

Одговорните личности се дарежливи и полесно склопуваат блиски пријателства.

 Библијата вели: „Давајте, и ќе ви се даде“ (Лука 6:38).

Одговорните личности се задоволни и радосни заради своите постигнувања. Тоа им помага да имаат поголема самодоверба.

 Библијата вели: „Секој нека го испита своето дело, па ќе има причина за задоволство во самиот себе“ (Галатите 6:4).

 Како да бидам поодговорен?

 За да го дознаеш одговорот на ова прашање, размисли за следниве изјави. Која од нив најдобро ја опишува твојата ситуација?

 „Преку глава ми е тоа што моите родители сѐ уште ме третираат како мало дете! Нон-стоп проверуваат каде сум“ (Кери).

 „Моите обично не ми прават проблеми кога треба да излезам некаде“ (Ричард).

 „Кога гледам што смеат да прават моите врсници, си мислам: ,Е не е фер! Зошто и моите не ми дозволуваат да го правам истото?‘“ (Ен).

 „Мајка ми и татко ми обично ме пуштаат да правам што сакам. Многу сум благодарна што ми даваат толку голема слобода“ (Марина).

 Заклучок: Некои млади имаат поголема слобода од своите врсници. Зошто?

 Непобитна вистина: Колку поголема доверба ќе стекнат родителите во тебе, толку поголема слобода ќе ти дадат.

 На пример, забележи што велат Ричард и Марина кои ги спомнавме претходно.

 Ричард: „Порано моите родители не ми дозволуваа некои работи затоа што не беа сигурни како ќе постапам. Ама кога видоа дека се трудам да бидам одговорен, почнаа повеќе да ми веруваат. Никогаш не ги лажам каде сум и со кого сум. Всушност, им кажувам што планирам да правам уште пред тие да ме прашаат“.

 Марина: „Двапати во животот ги излажав моите, и во двете ситуации ме фатија. Оттогаш постојано им ја кажувам вистината. На пример, секогаш им кажувам каде сакам да одам. А, кога сум излезена, им се јавувам на мобилен. Сега имаат многу поголема доверба во мене“.

За што најпрво одвојуваш време — за обврските или за забава?

 Дали би сакал и твоите родители да се однесуваат вака со тебе? Ако да, размисли за следново:

КАКО ПОСТАПУВАШ ДОМА?

  •   Дали редовно си ги извршуваш домашните обврски?

  •   Дали се враќаш дома во договореното време?

  •   Дали покажуваш почит кон членовите на твоето семејство?

 Дали треба да се поправиш во некоја од овие работи? Ако да, во која?

 Библијата вели: „Слушајте ги своите родители“ (Ефешаните 6:1).

КАКО ГИ ИЗВРШУВАШ УЧИЛИШНИТЕ ОБВРСКИ?

  •   Дали навреме ги пишуваш домашните задачи?

  •   Се трудиш ли да имаш подобри оценки?

  •   Дали учиш редовно?

 Дали треба да се поправиш во некоја од овие работи? Ако да, во која?

 Библијата вели: „Мудроста е заштита“ (Проповедник 7:12). Учењето ќе ти помогне да станеш мудар.

НА КАКОВ ГЛАС СИ?

  •   Дали си искрен со твоите родители и со другите?

  •   Дали мудро ги трошиш парите?

  •   Можат ли другите да се потпрат на тебе?

 Дали треба да се поправиш во некоја од овие работи? Ако да, во која?

 Библијата вели: ,Облечете ја новата личност‘ (Ефешаните 4:24). Ти можеш да развиеш добри особини и да бидеш на добар глас.

 Предлог: Размисли на кое поле треба да се поправиш. Разговарај со некој што е добар пример во тој поглед и побарај совет од него. Запиши си на кои начини ќе се трудиш да ја развиеш таа особина. Потоа, еден месец следи го својот напредок. Води си дневник за тоа кога си успеал да ја покажеш таа особина, а кога не. На крајот од месецот провери дали си напредувал.