Префрли се на текстот

Што ако сум зависник од порнографија?

Што ако сум зависник од порнографија?

Што можеш да направиш

 Стекни исправно гледиште за порнографијата. Порнографијата не е ништо друго освен обид да се изопачи нешто што Бог го создал да биде чисто и нерасипано. Ако вака размислуваш за порнографијата, тоа ќе ти помогне да ‚го мразиш злото‘ (Псалм 97:10).

 Размисли за последиците. Порнографијата ги понижува оние што се прикажани во неа. Го изопачува и оној што ја гледа. Со добра причина, Библијата вели: „Паметниот човек го гледа злото и се трга“ (Изреки 22:3).

 Вети си дека нема да гледаш. „Свечено ветив никогаш да не погледнам девојка со страст“, рекол верниот Јов (Јов 31:1, Today’s English Version). Еве некои ‚свечени ветувања‘ што би можел да си ги дадеш:

  •  Нема да користам Интернет кога сум сам.

  •  Веднаш ќе ги затворам сите прозорчиња или страници на кои има неморални сцени.

  •  Ако повторно почнам да гледам порнографија, ќе зборувам со некој зрел пријател.

Секојпат кога некој гледа порнографија, состојбата станува сѐ полоша — колку повеќе гледа, толку потешко му е да се ослободи

 Моли се за тоа. Псалмистот го молел Јехова: „Одврати ми ги очите од безвредни работи“ (Псалм 119:37). Бог сака да успееш и ако го молиш, може да ти даде сила за да постапуваш исправно! (Филипјаните 4:13).

 Разговарај со некого. Обично, важен чекор за да прекинеш со оваа навика е да најдеш пријател со кого отворено можеш да зборуваш за сѐ (Изреки 17:17).

 Запомни: Секогаш кога ќе одбиеш да гледаш порнографија, ти извојуваш голема победа. Кажи му на Јехова Бог за таа победа и заблагодари му се за силата што ти ја дал. Тој многу се радува кога одбиваш да гледаш порнографија! (Изреки 27:11).