Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Скелетот што „гледа“ на една морска змијулка

Скелетот што „гледа“ на една морска змијулка

КРШЛИВАТА морска змијулка Ophiocoma wendtii живее на морските гребени и има неверојатен оклоп на горниот слој од телото. Овој дел од нејзиниот скелет е прекриен со микроскопски леќи со што оклопот воедно претставува и сложено око.

Кристалните испапчувања на скелетот служат како микролеќи со висок квалитет

Размисли: Кога научниците ги испитувале плочките на скелетот на оваа змијулка, откриле „невообичаена структура од густо наредени кристални испапчувања, секое потенко од човечко влакно“, стои во списанието Natural History. Беше утврдено дека овие испапчувања, по состав калциум карбонат (калцит), се микролеќи со висок квалитет кои ја фокусираат светлината на она што научниците сметаат дека се фотосензитивни нерви веднаш под плочките. Освен тоа, леќите имаат идеална форма за да дадат најдобра слика.

Според хемичарката Џоана Ајзенберг, оклопот на оваа кршлива змијулка кој има двојна намена „потврдува едно важно начело: во светот на природата, материјалите честопати се направени за оптимално да вршат повеќе функции“.

Учејќи од оваа морска змијулка, истражувачите измислиле едноставна, евтина метода за производство на полиња од микролеќи направени од калциум карбонат. Ваквите микролеќи наоѓаат примена на многу подрачја, вклучувајќи ги и телекомуникациите, каде што служат за пренос на светлосни сигнали преку оптички влакна.

Што мислиш? Дали скелетот што „гледа“ на оваа морска змијулка настанал по пат на еволуција или е дело на мудар Творец?