Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Обликот на школките

Обликот на школките

ОКЛОПОТ на мекотелите им овозможува да преживеат во прилично сурови услови, справувајќи се со огромни притисоци на морското дно. Таквата оптимална заштита ги поттикнала инженерите да го изучуваат обликот и структурата на школките со цел да изработат возила и градби кои ќе им пружат поголема заштита на луѓето.

Размисли: Инженерите анализирале две форми на школки — со двоен капак и спирална.

Кај школките со двоен капак било откриено дека браздите на површината го насочуваат притисокот кон зглобот и кон надворешните рабови. За разлика од нив, обликот на спиралната школка овозможува притисокот да се насочи кон внатрешниот дел на оклопот и кон широкиот отвор. И во едниот и во другиот случај, благодарение на обликот на школките притисокот се насочува кон најцврстите делови, поради што мекотелите ја добиваат најдобрата можна заштита.

Освен тоа, истражувачите спровеле повеќе тестови на издржливост врз вистински школки и врз поедноставни полукружни и конусни форми (изработени со 3Д принтер) направени според обликот и структурата на школките. Според резултатите, со својата сложена површина вистинските школки се покажале речиси двојно поиздржливи под притисок во споредба со изработените форми.

Во врска со примената на ова истражување, едно научно списание вели: „Ако еден ден возиме автомобили во облик на школка, тие не само што ќе имаат интересен дизајн туку и ќе нудат добра заштита“ (Scientific American).

Што мислиш: Дали обликот на школките настанал по пат на еволуција или е дело на мудар Творец?