Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Што е исправно, а што погрешно: Прашање кое стои пред секој од нас

Што е исправно, а што погрешно: Прашање кое стои пред секој од нас

Кога би сакал да патуваш до некое место на кое не си бил никогаш претходно, што би направил?

  1. 1. Би тргнал во правец во кој мислиш дека треба да одиш.

  2. 2. Би ги следел другите, надевајќи се дека тие го знаат патот.

  3. 3. Би се потпрел на некој или на нешто во што може да имаш доверба, како што е GPS, мапа или сигурен пријател кој го знае патот.

Доколку би ја избрал првата или втората опција, би стигнал некаде, но можеби не таму каде што би сакал. Но, доколку би ја избрал третата опција, би можел да бидеш сигурен дека би стигнал до твојата дестинација.

Нашиот живот е како едно патување — патување за кое се надеваме дека ќе нѐ одведе до среќна иднина. Дали ќе стигнеме таму или не, во голема мера зависи од тоа каде бараме водство кога треба да донесеме некоја одлука.

Повеќето одлуки што ги носиме немаат долгорочно влијание врз нашиот живот. Сепак, некои одлуки се многу важни. Од тие одлуки се гледа кои се нашите морални вредности, односно што сметаме за исправно, а што за погрешно. Тие ќе влијаат врз нас и врз оние што ги сакаме на долги патеки, или на добар или на лош начин. Таквите одлуки се однесуваат на некои полиња од животот, како што се:

  • Секс и брак

  • Чесност, работа и пари

  • Воспитување деца

  • Меѓучовечки односи

Како може да бидеш сигурен дека одлуките што ќе ги донесеш на овие полиња од животот ќе те одведат до среќна иднина за тебе и за твоето семејство?

Прашањето кое стои пред секој од нас е: „Што може да ми помогне да донесам добри одлуки во врска со тоа што е исправно, а што погрешно?“

Во ова списание ќе биде објаснето зошто може да имаш доверба во моралните принципи за исправно и погрешно кои се запишани во Библијата, а ќе биде објаснето и како таа може да ти помогне.