Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

СТРАЖАРСКА КУЛА Бр. 1, 2024 | Исправно или погрешно — како да знаеш?

Како одлучуваш што е исправно, а што погрешно? Многумина се потпираат на својата совест и на вредностите што ги стекнале. Некои, пак, носат одлуки на темел на тоа што мислат другите луѓе. По што се водиш ти кога одлучуваш што е исправно, а што погрешно? Можеш ли да бидеш уверен дека, благодарение на одлуките што ги носиш, ти и твоето семејство ќе имате среќна иднина?

 

Што е исправно, а што погрешно: Прашање кое стои пред секој од нас

Кога треба да донесеш некоја одлука, по што се водиш?

Што е исправно, а што погрешно: По што се водат многумина

Кога носиме одлуки во врска со тоа што е исправно, а што погрешно, би можеле да се водиме по нашето гледиште или по гледиштето на другите. Но дали има подобар начин да стигнеме до целта?

Што е исправно, а што погрешно: Библијата — најсигурниот водич

Како може да бидеш сигурен дека Библијата содржи морални принципи во кои може да имаш доверба?

Што е исправно, а што погрешно: Водство кое навистина ни користи

Прочитај на кои четири подрачја од животот милиони лица се увериле дека водството од Библијата навистина е корисно и дека може да се потпрат на него.

Каде да најдеш водство во кое може да имаш доверба?

Библијата може да ти помогне да носиш одлуки за кои никогаш нема да зажалиш.