Префрли се на текстот

Совети за семејствата

Во статиите од оваа рубрика има практични совети за семејствата кои се темелат на Библијата. a Повеќе статии кои се наменети за семејствата има во делот Брак и семејство.

a Имињата на некои од личностите што се цитирани во овие статии се променети.

Брак

Позитивната страна на особините што те нервираат кај твојот сопружник

Наместо да дозволиш некоја особина што те нервира да предизвика кавга, научи се да гледаш на неа на поинаков начин.

За среќен брак: Покажувај почит

Библијата може да ви помогне да научите да покажувате поголема почит во бракот.

Како да се покаже почит

Почитта во бракот не треба да се покажува по избор, таа е од суштинско значење. Како ќе покажеш дека го почитуваш својот брачен партнер?

Покажувај ценење

Кога брачните другари си покажуваат ценење, тоа го зајакнува нивниот брак. Што ќе ти помогне да покажуваш ценење?

За среќен брак: Покажувај љубов

Поради работата, стресот и секојдневните притисоци, брачните партнери може сѐ помалку да си покажуваат љубов. Можат ли повторно да ја разгорат љубовта?

Како да покажуваш љубов во бракот

Како можат брачните другари да си покажуваат дека вистински се грижат еден за друг? Еве четири предлози кои се темелат на начелата од Библијата.

Биди решен да го зачуваш бракот

Дали на брачниот завет гледаш како на синџири од кои не можеш да се ослободиш или како на котва која му дава стабилност на бракот?

Како да трошите разумно

Не чекајте да останете без пари, па тогаш да мислите како да трошите помалку. Научете како да трошите разумно, пред ситуацијата да излезе од контрола.

Добри односи со родителите на сопружникот

Во оваа статија има три предлози кои можат да ти помогнат проблемите што ги имаш со родителите на твојот сопружник да не влијаат врз твојот брак.

Кога имате различно мислење

Како можат брачните парови да ги решаваат несогласувањата и да го зачуваат заемниот мир?

Да се живее со разликите

Дали понекогаш си мислиш дека воопшто не си одговарате со брачниот другар?

Како да не држиш лутина

Ако му простиш на маж ти за нешто, дали тоа значи да ја минимизираш грешката или да замижеш пред неа?

Како да го држиш гневот под контрола

Ако избувнуваш лесно, тоа може да му наштети на твоето здравје. Но, не е добро ни да ја потиснуваш лутината. Затоа, што можеш да направиш кога твојот сопружник ќе те изнервира?

Кога децата ќе се отселат

На некои брачни парови им е многу тешко кога децата ќе пораснат и ќе се отселат. Што можат да направат родителите за да ја пополнат празнината?

Кога едно пријателство ќе отиде предалеку

Дали си велиш: „Ние сме само пријатели“? Ако е така, размисли за советите од Библијата кои можат да ти помогнат да се преиспиташ.

Кога си разочаран од бракот

Дали имаш чувство дека за сопружникот си врзан со пранги, а не со љубов? Пет чекори можат да ти помогнат да си го подобриш бракот.

Како да не дојде до „сив развод“?

Кои се причините за „сивиот развод“? Како можеш да го заштитиш твојот брак од оваа опасност?

Како да се спречи љубомората во бракот

Еден брак не може да биде среќен ако сопружниците немаат доверба еден во друг. Затоа, што може да ти помогне да не бидеш претерано љубоморен?

Порнографијата може да ти го уништи бракот

Овие предлози можат да ти помогнат да престанеш со навиката да гледаш порнографија и да придонесеш повторно да имаш добар однос со сопругата.

Дали треба да живееме заедно пред да се венчаме?

Некои парови мислат дека заедничкото живеење ќе им помогне да се подготват за брак. Дали тоа е добра идеја или има подобра опција?

Комуникација

Како да разговараш за проблемите

Мажите и жените комуницираат на различен начин. Ако разбереш во што е разликата ќе се поштедиш од многу недоразбирања.

Како да бидеш добар слушач

Вистинското слушање не е само техника туку израз на љубов. Научи како да бидеш подобар слушач.

Како да се најде компромис

Четири предлози што можат да ви помогнат тебе и на твојот сопружник да не се карате, туку да најдете заедничко решение.

Не е решение да се казнувате со молчење

Како може двајца што се во брак да дојдат до тој степен што нема да сакаат да зборуваат еден со друг? Што можат да сторат за да најдат заеднички јазик?

Како да престанат кавгите

Дали ти и твојот брачен другар постојано се карате? Прочитај кои библиски начела ќе ви помогнат.

Како да прекинете со навредите

Што можете да направите ако сте дозволиле навредите да ви го поткопаат бракот?

Научи да кажеш извини

Зошто да се извинам дури и кога не сум виновен за проблемот?

Како да простиш

Зошто е тешко да се прости? Прочитај како можат да ти помогнат библиските совети.

Воспитување деца

Дали да го запишам моето дете во градинка?

Четири прашања кои можеш да си ги поставиш за да одлучиш дали твоето дете да го запишеш во градинка.

Дали моето дете треба да има мобилен телефон?

Постави си ги овие прашања за да утврдиш дали ти и твоето дете сте спремни за одговорноста.

Научете ги децата мудро да го користат телефонот

Дури и на децата кои, така да се каже, се родени со телефон во рака им се потребни совети од родителите што ќе им помогнат да го користат на одговорен начин.

Заштити го твоето дете од порнографија

Децата можат да бидат изложени на порнографија полесно отколку што мислиш. Што треба да знаеш и како можеш да го заштитиш твоето дете.

Кога детето ти поставува прашања за смртта

Четири работи можат да ти помогнат да одговориш на прашањата на твоето дете и да му помогнеш да ја поднесе загубата на некој близок.

Децата и домашните обврски

Дали им даваш домашни обврски на твоите деца? Прочитај како домашните обврски можат да им помогнат на децата да станат одговорни личности.

Како да му помогнеш на детето да си ги поправи оценките

Дознај која може да биде вистинската причина за лошите оценки на децата и како можеш да им помогнеш да ги поправат.

Што да правам ако моето дете го малтретираат на училиште?

Четири чекори што ќе ти помогнат да го поучиш детето како да се справи со малтретирањето.

Како да ги пофалуваш децата

Кој е најдобриот начин да ги пофалуваш децата?

Твоето дете и пубертетот

Пет совети темелени на Библијата може да го направат полесен овој честопати не толку лесен период.

Зборувај со детето за интимните односи

Младите се изложени на сексуални содржини на сѐ помала возраст. Што треба да знаеш? Што можеш да направиш за да си ги заштитиш децата?

Разговарај со децата за алкохолот

Кога и како треба родителите да разговараат со своите деца за оваа важна тема?

Научи ги децата на самоконтрола

Со тоа што ќе му ја исполниш секоја желба на твоето дете, му ускратуваш нешто што е многу поважно.

Научи го детето на понизност

Научи го детето на понизност без да му ја срушиш самодовербата.

Како да ги научиш децата на послушност

Дали ти и твоето дете постојано се расправате и на крај секогаш излегува по негово? Прочитај кои пет предлози можат да ти помогнат да го научиш детето на послушност.

Научи да кажеш ,не‘

Што да правиш ако детето почне да цимоли или да те моли за да те предомисли?

Децата и нападите на бес

Што да правиш кога твоето дете има напади на бес? Некои библиски начела можат да ти помогнат.

Кога детето лаже

Што да правиш ако твоето дете лаже? Во оваа статија се разгледани библиски совети што можат да ти помогнат да го поучиш колку е важно да ја кажува вистината.

Воспитување тинејџери

Комуникација меѓу родител и тинејџер

Дали се нервираш кога зборуваш со твојот тинејџер? Зошто доаѓа до расправии?

Што ако ќерка ти е под голем стрес

На многу тинејџерки им е тешко да се справат со промените што ги доживуваат. Како можат родителите да им помогнат да се ослободат од стресот?

Ако твоето дете сака да си го одземе животот

Што може да направат родителите ако нивното дете има самоубиствени мисли?

Помогни му на твојот тинејџер да биде послушен

Дисциплината главно значи да се даде поука. Библиските начела можат да ти помогнат да го научиш твојот тинејџер да биде послушен.

Како да му поставиш правила на тинејџер

Што да направиш ако твоето дете постојано се бунтува против правилата што му ги поставуваш?

Поучи ги децата за опасностите на Интернет

Како да им всадиш на децата морални вредности и да им помогнеш сами да донесуваат мудри одлуки?

Како да зборувате за секстинг

Зборувај со твоето дете и предупреди го за опасностите од секстингот пред да биде доцна.

Ако ќерка ти намерно се повредува

Некои тинејџери намерно се повредуваат. Зошто го прават тоа? Како да му помогнеш на твоето дете?

Млади

Притисок од врсниците

Под притисок од другите и добри луѓе може да направат лоши работи. Што треба да знаеш за ваквиот притисок и како да му се спротивставиш?

Како да прифатиш совет

Како можат да ти помогнат советите или критиките што болат?

Бонтон за СМС-пораки

Дали сметаш дека е неучтиво да го прекинеш разговорот само за да ја провериш пораката? Или сметаш дека е неучтиво да игнорираш некоја порака само за да го продолжиш муабетот?

Бори се со искушенијата

Можеме да им кажеме ‚не‘ на искушенијата. Шест предлози можат да ти помогнат да го направиш тоа и да избегнеш проблеми.

Како да не избувнеш

Пет библиски совети што ќе ти помогнат да не избувнеш.

Како да ја победиш осаменоста

Осаменоста има ефект како да пушиш 15 цигари дневно. Како да ги совладаш чувствата на отфрленост и осаменост?

Како да го преболиш раскинувањето

Како можеш да го залечиш скршеното срце и да продолжиш понатаму?

Што ако мора да се вратиш дома

Дали се соочи со предизвици откако си замина од дома и се обиде да живееш самостојно? Прочитај практични совети што може да ти помогнат.

Како да стекнеш вистински пријатели

Четири предлози што сигурно ќе ти помогнат да имаш поцврсти пријателства.

Како да ги поднесеш промените

Промените се неизбежни. Прочитај што направиле некои за успешно да ги надминат.

Ако ти починал родител

Смртта на родител е многу болна загуба. Што може да им помогне на младите да се справат со чувствата со кои ќе се соочат?

Во потрага по адреналин — вреди ли ризикот?

Многу млади чувствуваат голема возбуда кога одат до крај на своите можности — честопати правејќи нешто многу опасно. Дали и ти посакуваш да пробаш такво нешто?