Префрли се на текстот

Дали Исус е Бог?

Дали Исус е Бог?

Што вели Библијата:

 Исус за себе рекол дека е „Син Божји“ (Јован 10:36; 11:4). Тој никогаш не рекол дека е Семоќниот Бог.

 Освен тоа, Исус му се молел на Бог (Матеј 26:39). А кога ги учел своите ученици да се молат, тој рекол: „Татко наш, кој си на небесата, да се свети името твое“ (Матеј 6:9).

 Исус рекол дека Семоќниот Бог се вика Јехова кога цитирал еден древен стих од Библијата: „Чуј, Израеле, Јехова, нашиот Бог, е еден Јехова“ (Марко 12:29; 5. Мојсеева 6:4).