Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Емоционално здравје

Емоционално здравје

Библијата нѐ предупредува дека негативните емоции можат да бидат многу штетни и нѐ поттикнува да развиваме позитивни емоции.

ГНЕВ

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: „Кој е бавен на гнев, подобар е од силниот човек“ (Изреки 16:32).

ШТО ЗНАЧИ ОВА: Добро е да научиме да си ги контролираме чувствата. Точно е дека некогаш имаме оправдана причина да се лутиме. Сепак, неконтролираниот гнев може да причини голема штета. Истражувачите истакнуваат дека, во гнев, луѓето честопати кажуваат или прават работи за кои подоцна се каат.

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ: Научи да го контролираш гневот пред тој да завладее со тебе. Иако некои мислат дека неконтролираниот гнев е знак на сила, всушност, тоа е знак на слабост. Библијата вели: „Како еден град разурнат и без ѕидови, таков е човекот кој не владее со себеси“ (Изреки 25:28). Што ќе ни помогне да го држиме гневот под контрола? Пред да кажеме или да направиме нешто, добро е да дознаеме што точно се случило. „Разбирањето го спречува човекот да се гневи“, пишува во Божјата Реч (Изреки 19:11). Треба внимателно да ги сослушаме сите страни бидејќи тоа ќе ни помогне да ги согледаме работите и да реагираме на смирен начин.

БЛАГОДАРНОСТ

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: „Бидете благодарни!“ (Колошаните 3:15).

ШТО ЗНАЧИ ОВА: Се вели дека само благодарниот човек може да биде среќен. Ова можат да го потврдат дури и оние што доживеале некоја трагична загуба. Тие велат дека успеале да се справат со своите емоции затоа што со благодарност размислувале за она што сѐ уште го имале, наместо да мислат на она што го изгубиле.

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ: Размислувај секој ден за кои работи си благодарен. Не мора да е нешто големо. Размислувај дури и за мали работи како што е прекрасно изгрејсонце, убав разговор со некој што го сакаш или едноставно за тоа што си имал уште еден ден живот. Ако одвојуваш време да ги забележуваш таквите работи и да размислуваш со ценење за нив, тоа може да влијае многу позитивно врз твоето емоционално здравје.

Исто така, убаво е да размислуваш зошто си благодарен што ги имаш семејството и пријателите. Кога ќе сфатиш кои работи ги цениш кај другите, кажи им го тоа, или лично или во писмо, имејл или порака. Ова сигурно уште повеќе ќе го зацврсти вашиот меѓусебен однос, а ти ќе бидеш посреќен затоа што правиш нешто за другите (Дела 20:35).

ДРУГИ БИБЛИСКИ НАЧЕЛА

Можеш да преземеш аудиоснимка на Библијата на jw.org. Сега се достапни аудиоснимки на околу 40 јазици.

ЗАМИНИ СИ ПРЕД ДА ЗАПОЧНЕ КАРАНИЦА.

„Кога ќе почне караница, како да се отворила водна брана. Затоа, пред да избие караницата, оддалечи се“ (ИЗРЕКИ 17:14).

НЕМОЈ НЕПОТРЕБНО ДА СЕ ГРИЖИШ ЗА ИДНИНАТА.

„Не бидете загрижени за утрешниот ден, зашто утрешниот ден ќе си има свои грижи. На секој ден му е доволно неговото зло“ (МАТЕЈ 6:34).

НАМЕСТО ДА СЕ ВОДИШ САМО ПО ЕМОЦИИ И ДА РЕАГИРАШ ИМПУЛСИВНО, РАЗМИСЛИ ВНИМАТЕЛНО ПРЕД ДА НАПРАВИШ НЕШТО.

„Способноста за расудување ќе внимава на тебе, проникливоста ќе те чува“ (ИЗРЕКИ 2:11).