Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Безбедноста на жените — кое е библиското гледиште

Безбедноста на жените — кое е библиското гледиште

 Низ целиот свет милиони жени и девојчиња биле жртви на насилство или биле злоупотребувани. Дали и ти си една од нив? Дознај зошто твојата безбедност му е важна на Бог и што ќе направи тој во врска со малтретирањето на жените.

 „Кога бев мала, брат ми секој ден ме малтретираше физички и вербално. Откако се омажив, свекрва ми го правеше истото. Заедно со свекор ми ме третираа како роб. Помислував да се самоубијам“ (Маду, a Индија).

 „Насилството врз жените е појава што се забележува низ целиот свет“ вели Светската здравствена организација. Се проценува дека речиси една третина од жените, во некој период од својот живот, биле жртви на физичко или сексуално малтретирање.

 Ако тоа ти се случило и тебе, можеби се плашиш дека, каде и да појдеш, повторно ќе бидеш жртва на вербално, физичко или сексуално малтретирање. Како резултат на таквото родово базирано насилство и малтретирање можеби си мислиш дека за повеќето луѓе жените не се важни. Но дали жените се важни за Бог?

Библијата ни открива дека безбедноста на жените му е важна на Бог

Кое е Божјето гледиште за жените?

 Библиски стих: „Бог... ги создаде машко и женско“ (1. Мојсеева 1:27).

 Значење: Бог ги создал и мажите и жените. Тој смета дека и едните и другите се достојни за почит. Освен тоа, тој очекува мажот „да ја сака својата жена како самиот себе“, а не да се обидува да ја контролира со груби зборови или насилство (Ефешаните 5:33; Колошаните 3:19). Јасно е дека безбедноста на жените му е важна на Бог.

 „Како дете, сексуално бев злоупотребувана од моите роднини. Кога имав 17 години, мојот работодавач ми се закануваше дека ќе ми даде отказ ако немам секс со него. Подоцна, бев понижувана од страна на мојот сопруг, родителите и соседите. Но по некое време ја дознав вистината за Јехова, b Творецот. Тој гледа на жените со почит. Тоа ме увери дека ме сака и дека за него сум скапоцена“ (Мариа, Аргентина).

Што може да ти помогне да почнеш емоционално да закрепнуваш?

 Библиски стих: „Има и пријатели поприврзани од брат“ (Изреки 18:24).

 Значење: Вистинскиот пријател ќе ти биде поддршка. Ако е можно, кажи му ги твоите чувства на некој во кого имаш доверба.

 „Бев сексуално злоупотребувана и 20 години не кажав никому за тоа. Поради тоа, бев несреќна и се борев со анксиозност и депресија. Но кога конечно кажав низ што поминав на некој во кого имав доверба, почувствував големо олеснување“ (Елиф, Турција).

 Библиски стих: „Сите свои грижи фрлете ги на [Бог], зашто тој се грижи за вас“ (1. Петрово 5:7).

 Значење: Кога се молиш, Бог навистина те слуша (Псалм 55:22; 65:2). Бидејќи се грижи за тебе, тој ќе ти помогне да сфатиш колку си, всушност, скапоцена.

 „Тоа што учев за Јехова ми помогна да ги залечам длабоките емоционални рани што ги имав. Сега можам да му се доверам на Бог во молитва. Тој е како еден пријател кој навистина разбира како се чувствувам“ (Ана, Белисе).

Дали Бог некогаш ќе стави крај на малтретирањето на жените?

 Библиски стих: „Јехова... ќе им даде правда на сираците и на угнетените, за повеќе да не се плашат од смртен човек“ (Псалм 10:17, 18, Превод Нов свет, ревидирано издание на англиски од 2013).

 Значење: Бог наскоро ќе им стави крај на сите неправди, во што спаѓаат и малтретирањето и насилството врз жените.

 „Ми беше како мелем на рана тоа што дознав дека Јехова наскоро ќе му стави крај на малтретирањето на жените и девојчињата. Тоа ми даде внатрешен мир“ (Роберта, Мексико).

 За да дознаеш повеќе за тоа каква надеж дава Библијата, зошто можеш да имаш доверба во нејзините ветувања и како Јеховините сведоци со помош на Библијата пружаат поддршка уште денес, побарај бесплатна посета.

 Преземи ја оваа статија во формат за печатење.

a Имињата се сменети.

b Јехова е името на Бог (Псалм 83:18). Види ја статијата „Кој е Јехова?