Псалми 55:1-23

На управителот, за жичени инструменти. Маскил.* Давидов псалм. 55  Боже, приклони го увото кон молитвата моја,+не криј се кога те молам да бидеш милостив.+   Сослушај ме и одговори ми.+Талкам вознемирен поради својата грижа,+на немирот не можам да му се оттргнам,   поради гласот на непријателот, поради притисокот од злобниот.+Зашто, на мене фрлаат зло+и во својот гнев ме мразат.+   Моето срце е во силна болка,+смртен страв ме фати.+   Страв и трепет влегува во мене,+ми поминуваат морници.   И велам: „О, да имав крилја како гулаб!+Би одлетал и би нашол починка.+   Еве, би одлетал далеку,+би живеел во пустина.+ (Села)   Би побрзал на местото на своето прибежиште,пред силниот ветар, пред луњата“.+   Збркај го, Јехова, раздели го нивниот јазик,+Зашто, видов насилство и караница во градот.+ 10  Дење и ноќе го обиколуваат по неговите ѕидишта,+пакост и зло има во него.+ 11  Во него има неволји,на неговиот плоштад постојано има угнетување и измама.+ 12  Зашто, не ме срамеше мојот непријател,+тоа би го поднел.Не се дигаше вообразено над мене оној што многу ме мрази,+од него би се скрил.+ 13  Туку тоа го правеше ти, смртен човеку еднаков на мене,+мој пријателе, мој другару.+ 14  А толку блиски другари бевме,+со мноштвото одевме во Божјиот дом.+ 15  Пустош нека дојде на нив!+Живи нека слезат во гробот,*+зашто, додека живееја во туѓина, злото беше во нив.+ 16  А јас ќе го повикувам Бог Јехова,+и тој ќе ме спаси.+ 17  Навечер и наутро и напладне ме обземаат грижи, па липам,+а тој го слуша мојот глас.+ 18  Ќе ја откупи мојата душа и ќе ѝ даде мир од борбата што се води против мене,+зашто, цели мноштва се подигаат против мене.+ 19  Бог, кој седи на престолот како и во минатото,+ќе чуе и ќе им врати+ (Села)на оние што не се менуваат+и не се бојат од него.+ 20  Тој* крена рака на оние што се во мир со него,+го оскверни сојузот што го склучи.+ 21  Зборовите на неговата уста се помазни од маст,+но неговото срце е воинствено.+Неговите зборови се поблаги од масло,+а всушност се мечеви извлечени.+ 22  Фрли го своето бреме на Јехова,*+и тој ќе те поткрепи.+Никогаш нема да дозволи праведникот да се сопне.+ 23  А ти, Боже, ќе ги собориш во најдлабоката јама.+Луѓе виновни за крв и измамници нема да проживеат ни половина од своите денови.+А јас ќе се надевам на тебе.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Пс 32, наслов.
Буквално: „шеолот“.
Веројатно „тој“ се однесува на поранешниот пријател на псалмистот, кој е спомнат во стиховите 12-14.
Или: „Довери му ги на Јехова своите грижи“.