Матеј 23:1-39

23  Тогаш Исус им се обрати на народот и на своите ученици:+  „Книжниците+ и фарисеите седнаа на Мојсеевото седиште.+  Затоа правете и држете сѐ што ви кажуваат,+ но не постапувајте според нивните дела,+ бидејќи зборуваат, а не извршуваат.  Врзуваат тешки товари и им ги ставаат врз плеќи на луѓето,+ а самите не сакаат ни со прст да ги помрднат.+  Сите свои дела ги прават за да ги видат луѓето.+ Ги зголемуваат своите филактерии*+ и ги продолжуваат ресите на своите облеки.+  Го сакаат најдоброто место+ на гозбите и предните седишта во синагогите+  и да бидат поздравувани+ по плоштадите и луѓето да ги нарекуваат учители.*+  А вие не дозволувајте да ве нарекуваат учители,* зашто еден е вашиот учител,+ а сите вие сте браќа.  И никого на земјата не нарекувајте го татко, зашто еден е вашиот Татко+ — оној што е на небесата. 10  Не дозволувајте ниту да ве нарекуваат водачи,+ зашто еден е вашиот Водач — Христос. 11  А најголемиот меѓу вас нека ви биде слуга.+ 12  Зашто, кој се возвишува, ќе биде понижен,+ а кој се понизува, ќе биде возвишен.+ 13  Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, бидејќи го затворате+ пред луѓето царството небесно! Самите не влегувате, а не ги пуштате да влезат и оние што сакаат да влезат.+ 14  * —— 15  Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери,+ бидејќи обиколувате море и копно за да обратите еден човек во својата вера, а кога ќе го обратите, го правите таков што ја заслужува геената* двапати повеќе отколку вие! 16  Тешко вам, слепи водачи,+ кои велите: ‚Ако некој се заколне во храмот, тоа не е ништо, но ако некој се заколне во храмското злато, должен е да ја исполни заклетвата‘.+ 17  Безумници и слепци! Што е поголемо, златото или храмот што го посветил златото?+ 18  И уште велите: ‚Ако некој се заколне во жртвеникот, тоа не е ништо, но ако некој се заколне во дарот што е на него, должен е да ја исполни заклетвата‘. 19  Слепци! Што е поголемо, дарот или жртвеникот+ што го посветува дарот? 20  Според тоа, кој ќе се заколне во жртвеникот, се заколнува во него и во сѐ што е на него. 21  Кој ќе се заколне во храмот, се заколнува во него и во оној што живее во него.+ 22  Кој ќе се заколне во небото, се заколнува во Божјиот престол+ и во оној што седи на него. 23  Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, бидејќи давате десеттина+ од нане, копра и ким, а го занемаривте она што е поважно во Законот: правдата,+ милосрдноста+ и верноста!+ Првото требаше да се прави, а второто не смееше да се занемари. 24  Слепи водачи,+ кои го цедите пијалакот за да не проголтате комарец,+ а голтате камила!+ 25  Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, бидејќи ги чистите чашата и чинијата однадвор,+ а однатре се полни со грабеж+ и неумереност! 26  Слеп+ фарисеју, исчисти ги чашата и чинијата првин однатре,+ за да бидат чисти и однадвор. 27  Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери,+ бидејќи личите на варосани+ гробови, кои однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со мртовечки коски и со секаква нечистотија! 28  Така и вие, однадвор им изгледате на луѓето праведни,+ а однатре сте полни со лицемерство и беззаконие. 29  Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери,+ бидејќи им градите гробници на пророците и ги украсувате гробовите на праведниците+ 30  и велите: ‚Да живеевме во деновите на нашите прататковци, немаше да учествуваме со нив во пролевањето на пророчка крв‘.+ 31  Така сами против себе сведочите дека сте синови на оние што ги убиваа пророците.+ 32  Затоа, дополнете ја мерата+ на гревовите на своите прататковци. 33  Змии! Змиско легло!+ Како ќе побегнете од осудата на геената?+ 34  Затоа, еве, јас ви испраќам+ пророци и мудреци и учители.+ Некои од нив ќе ги убиете+ и ќе ги приковете на столб,* а некои ќе ги искамшикувате+ по своите синагоги и ќе ги прогонувате од град во град, 35  за да падне врз вас сета праведна крв пролеана на земјата,+ од крвта на праведниот+ Авел+ до крвта на Захарија, синот на Варахија, кого го убивте меѓу светилиштето и жртвеникот.+ 36  Вистина, ви велам, сето ова ќе дојде врз ова поколение.+ 37  Ерусалиме, Ерусалиме, ти кој ги убиваш пророците+ и ги каменуваш+ оние што се испратени кај тебе!+ Колкупати сакав да ги соберам твоите деца, како што квачката ги собира своите пилиња под крилјата!+ Но вие не сакавте.+ 38  Еве, вашиот дом*+ се напушта и ви се остава вам.+ 39  Зашто, ви велам, отсега нема да ме видите сѐ додека не речете: ‚Благословен е оној што доаѓа во името на Јехова!‘ “+

Фусноти

Кутичиња за чување на делови од текстот на Мојсеевиот закон, кои се носеле како амајлии на челото и на левата рака.
Хебрејски: „раби“. Титула со која се искажува почит и чест, а значи „мој честит (учителе); мој возвишен (учителе)“.
Види ја фуснотата за Мт 23:7.
Види ја фуснотата за Мт 17:21.
Види го додатокот 4.
Види го додатокот 8.
Односно храм.