Матеј 10:1-42

10  И ги свика своите дванаесет ученици и им даде власт над нечистите духови,+ за да ги истеруваат, и да лекуваат секакви болести и секаков вид немоќ.  Ова се имињата на дванаесетте апостоли:+ прво Симон, наречен Петар,*+ и Андреј,+ неговиот брат; Јаков, синот на Зеведеј,+ и Јован, неговиот брат;  Филип и Вартоломеј;*+ Тома+ и Матеј*+ даночникот; Јаков, синот на Алфеј,+ и Тадеј;*  Симон Ревнителот*+ и Јуда Искариот, кој подоцна го предаде.+  Овие дванаесетмина Исус ги испрати и им заповеда:+ „Не одете кај другите народи и не влегувајте во самариски град,+  туку одете кај загубените овци на Израеловиот дом.+  Додека одите, проповедајте: ‚Се приближи царството небесно‘.+  Лекувајте болни,+ подигајте мртви, очистувајте лепрозни, истерувајте демони. Бесплатно добивте, бесплатно давајте.+  Не земајте ниту злато, ниту сребро, ниту бакар во појасите,+ 10  ниту патна торба, ниту две облеки, ниту сандали, ниту стап, зашто работникот ја заслужува својата храна.+ 11  А штом ќе влезете во некој град или село, побарајте го во него оној што е достоен да ве прими вас и вашата порака, и останете таму додека не си заминете.+ 12  Кога ќе влезете во куќата, поздравете ги домашните. 13  Ако куќата е достојна, нека дојде на неа мирот што ѝ го посакувате,+ но ако не е достојна, вашиот мир нека ви се врати вам. 14  Таму каде што никој нема да ве прими или да ги послуша вашите зборови, на излегување од таа куќа или од тој град истресете го правот од нозете.+ 15  Вистина, ви велам, полесно ќе им биде на содомската+ и на гоморската земја во Судниот ден отколку на тој град.+ 16  Еве, јас ве праќам како овци меѓу волци.+ Затоа, бидете претпазливи како змии,+ а безопасни како гулаби.+ 17  Пазете се од луѓето,+ зашто ќе ве предаваат на судови+ и ќе ве камшикуваат+ во нивните синагоги.+ 18  Поради мене, ќе ве изведуваат пред управители и цареви+ за сведоштво+ за нив и за другите народи. 19  А кога ќе ве предадат, не грижете се како или што ќе зборувате, зашто во тој час ќе ви биде дадено што да зборувате.+ 20  Зашто, не зборувате вие, туку духот на вашиот Татко зборува преку вас.+ 21  Брат+ ќе предаде брат на смрт и татко своето дете, и децата ќе станат против родителите и ќе ги предадат за да бидат убиени.+ 22  И сите ќе ве мразат поради моето име.+ Но кој ќе истрае до крајот, тој ќе биде спасен.+ 23  Кога ќе ве прогонуваат во еден град, бегајте во друг.+ Зашто, вистина, ви велам, нема да ги обиколите+ сите израелски градови пред да дојде Синот човечки.+ 24  Ученикот не е над својот учител, и робот не е над својот господар.+ 25  Доста е ученикот да биде како својот учител, и робот како својот господар.+ Ако домаќинот го нарекле Велзевул,*+ колку повеќе ќе ги наречат така неговите домашни! 26  Затоа, не плашете се од нив, зашто нема ништо покриено што не ќе се открие, или тајно што не ќе се дознае.+ 27  Тоа што ви го зборувам во темнина, кажете го на светлина, и она што ви се шепнува на уво, проповедајте го од покривите.+ 28  Не плашете се+ од оние што го убиваат телото, но не можат да ја убијат душата.* Туку плашете се повеќе од оној+ што може да ги погуби и душата* и телото во геената.*+ 29  Не се продаваат ли две врапчиња за една паричка?*+ А сепак ниту едно од нив не паѓа на земја без да знае вашиот Татко.+ 30  А вам и секое влакно на главата ви е изброено.+ 31  Затоа, не плашете се, вие сте повредни од многу врапчиња.+ 32  Секој што пред луѓето ќе признае дека е во единство со мене, и јас ќе признаам пред својот Татко кој е на небесата дека сум во единство со него,+ 33  а кој ќе се одрече од мене пред луѓето, и јас ќе се одречам од него+ пред мојот Татко кој е на небесата. 34  Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата. Не дојдов да донесам мир,+ туку меч. 35  Зашто, дојдов да раздвојам човек од неговиот татко, и ќерка од нејзината мајка, и снаа од нејзината свекрва.+ 36  Навистина, непријатели на човекот ќе му бидат неговите домашни. 37  Кој го сака својот татко или својата мајка повеќе отколку мене, не е достоен за мене. Кој го сака својот син или својата ќерка повеќе отколку мене, не е достоен за мене.+ 38  Кој не го прифаќа својот маченички столб* и не оди по мене, не е достоен за мене.+ 39  Кој ќе го најде својот живот,* ќе го загуби, а кој ќе го загуби својот живот поради мене, ќе го најде.+ 40  Кој ве прима вас, ме прима и мене, а кој ме прима мене, го прима и оној што ме испрати.+ 41  Кој прима пророк затоа што е пророк, ќе добие пророчка награда.+ Кој прима праведник затоа што е праведник, ќе прими праведничка награда.+ 42  Кој ќе напои еден од овие мали само со чаша студена вода затоа што е ученик, вистина, ви велам, нема да ја загуби својата награда“.+

Фусноти

Во грчкиот текст, за Петар се користат 5 имиња: во овој стих „Симон, наречен Петар“; во Мт 16:16 „Симон Петар“; во Де 15:14 „Симеон“; во Јвн 1:42 „Кифа“; и најчесто само „Петар“ како, на пример, во Мт 14:28.
Се вика и Натанаел. Види Јвн 1:45; 21:2.
Се вика и Леви. Види Лк 5:27.
Го нарекуваат и „Јуда, синот на Јаков“. Види Лк 6:16; Јвн 14:22; Де 1:13.
Буквално: „Кананит“.
Види ја фуснотата за Мт 12:24.
Види го додатокот 4.
Или: „правото на живот“.
Или: „не можат да го одземат правото на живот“.
Буквално: „за еден ас“, односно шеснаесетти дел од еден денариј. Види го додатокот 13.
Види го додатокот 8.
Буквално: „душа“.