Префрли се на текстот

Зошто Јеховините сведоци одат кај луѓе кои веќе имаат своја религија?

Зошто Јеховините сведоци одат кај луѓе кои веќе имаат своја религија?

 Сме увиделе дека многу луѓе што веќе имаат своја религија сакаат да разговараат на библиски теми. Се разбира, го почитуваме правото на секој да има поинакви верувања од нашите и не ги присилуваме другите да ја прифатат нашата порака.

 Кога зборуваме за религијата, се трудиме да го применуваме библискиот совет да зборуваме „благо“ и да покажуваме „длабока почит“ кон другото лице (1. Петрово 3:15). Свесни сме дека некои луѓе нема да ја прифатат пораката што им ја носиме (Матеј 10:14). Меѓутоа, не знаеме како ќе реагираат луѓето сѐ додека не разговараме со нив. Исто така, сфаќаме дека околностите на луѓето се менуваат.

 На пример, некој може да биде премногу зафатен за да зборува со нас во некоја прилика, но во друга прилика можеби со задоволство би поразговарал. Освен тоа, луѓето се соочуваат со нови проблеми или ситуации, кои можеби ќе ги наведат да се заинтересираат за библиската порака. Затоа се трудиме да разговараме со луѓето во повеќе наврати.