Префрли се на текстот

Дали Ѓаволот ги предизвикува сите страдања?

Дали Ѓаволот ги предизвикува сите страдања?

Што вели Библијата:

 Библијата ни открива дека Сатана е вистинска личност која, како некој моќен криминалец, ги спроведува своите намери преку „лажни чудесни знаци“ и „измама“. Всушност, Сатана „се преправа дека е ангел на светлината“, пишува во Библијата (2. Солуњаните 2:9, 10; 2. Коринќаните 11:14). По влијанието што го има врз луѓето јасно се гледа дека Ѓаволот навистина постои.

 Меѓутоа, Ѓаволот не ги предизвикува сите страдања што ги доживуваме. Зошто можеме да го кажеме ова? Бог нѐ создал со слободна волја и затоа може сами да одлучиме дали ќе постапуваме добро или лошо (Исус Навин 24:15). Кога донесуваме лоши одлуки, жнееме лоши последици (Галатите 6:7, 8).