Префрли се на текстот

Дали Бог го создал Ѓаволот?

Дали Бог го создал Ѓаволот?

Што вели Библијата:

 Библијата покажува дека Бог не го создал Ѓаволот. Напротив, Тој создал еден ангел кој подоцна станал Ѓавол. Во врска со Бог, Библијата вели: „Делото му е совршено, зашто сите негови патишта се правда. Тој е верен Бог, без неправда, праведен е и вистинољубив“ (5. Мојсеева 32:3-5). Од овие зборови можеме да заклучиме дека во почетокот Сатана Ѓаволот бил совршен и праведен, како што биле и сите други ангели.

 Во Јован 8:44, Исус рекол дека Ѓаволот ,не останал постојан во вистината‘, што значи дека Сатана некогаш ја кажувал вистината и немал направено грев.

 Меѓутоа, како и другите Јеховини созданија обдарени со разум, ангелот што станал Сатана можел слободно да избере како да постапи — исправно или погрешно. Со тоа што решил да му се спротивстави на Бог и ги навел и првите маж и жена да го сторат истото, тој станал Сатана, што значи „Противник“ (1. Мојсеева 3:1-5; Откровение 12:9).