Префрли се на текстот

Може ли Библијата да ти помогне ако имаш долгови и финансиски проблеми?

Може ли Библијата да ти помогне ако имаш долгови и финансиски проблеми?

Што вели Библијата:

 Да. Во Библијата се запишани четири начела што можат да ти помогнат кога имаш долгови и финансиски проблеми.

  1.   Планирај на што ќе ги потрошиш парите. „Замислите на трудољубивиот сигурно донесуваат корист, а секој што избрзува, сигурно оди кон немаштија“ (Изреки 21:5). Не избрзувај да купиш нешто само затоа што е на попуст. Води сметка колку пари имаш и немој да трошиш повеќе од своите можности.

  2.   Не влегувај во непотребни долгови. „Кој зема на заем, слуга му е на оној што му го дава заемот“ (Изреки 22:7). Ако веќе си задолжен и не можеш да го вратиш долгот, обиди се да преговараш со кредиторите за нов начин на отплаќање на долговите. Биди упорен. Примени го библискиот совет што им е упатен на оние што немудро се согласиле да бидат жиранти и ја презеле одговорноста за долгот: „Оди, понижи се и опсипувај го со молби својот ближен. Не давај им сон на своите очи, ни дремка на своите клепки“ (Изреки 6:1-5). Дури и ако не ти биде одобрено првото барање, не откажувај се.

  3.   Не дозволувај парите да ти бидат господар. „Лакомецот брза по богатството, а не знае дека ќе го стигне скудноста“ (Изреки 28:22, Превод на д-р Д. Х. Константинов). Завидливоста и лакомоста не само што водат до финансиска пропаст туку можат и да ги истиснат во втор план духовните работи.

  4.   Биди задоволен со она што го имаш. „Ако имаме храна, облека и покрив над главата, со тоа да бидеме задоволни“ (1. Тимотеј 6:8). Среќата и задоволството не можат да се купат со пари. Голем број луѓе се чувствуваат среќни во животот иако немаат многу пари. Но, тие имаат нешто далеку повредно — семејство и пријатели кои ги сакаат и близок однос со Бог (Изреки 15:17; 1. Петрово 5:6, 7).