Префрли се на текстот

Дали Бог престојува на некое одредено место?

Дали Бог престојува на некое одредено место?

Што вели Библијата:

 Да. Бог престојува на едно одредено место — небото. Прочитај ги следниве библиски стихови:

 Во молитва, цар Соломон рекол: „Чуј од небото, од своето живеалиште“ (1. Царевите 8:43).

 Исус Христос ги поучил своите ученици во молитва да му се обраќаат на Бог на следниов начин: „Татко наш, кој си на небесата“ (Матеј 6:9).

 Откако воскреснал, Исус влегол „во самото небо, за сега да се појави пред Божјето лице“ (Евреите 9:24).

 Овие стихови јасно покажуваат дека Јехова Бог навистина постои и дека не престојува насекаде туку само на небото.