Префрли се на текстот

Дали Ѓаволот може да влијае врз луѓето?

Дали Ѓаволот може да влијае врз луѓето?

Што вели Библијата:

 Да. Ѓаволот и демоните имаат големо влијание врз луѓето. Библијата вели: „Целиот свет е под власта на Злобниот“ (1. Јованово 5:19). Што користи Ѓаволот за да влијае врз луѓето? Да видиме што ни открива Библијата.

  •   Измама. Библијата ги поттикнува христијаните ,да им се спротивстават на измамите на Ѓаволот‘ (Ефешаните 6:11, Превод на д-р Д. Х. Константинов). Една од неговите измами е дека неговите слуги, всушност, се слуги на Бог (2. Коринќаните 11:13-15).

  •   Спиритизам. Ѓаволот ги заведува луѓето преку спиритистички медиуми, гатачи и астролози (5. Мојсеева 18:10-12). Кога некој користи дрога, хипноза и техники на медитација кои имаат цел да го прочистат умот се изложува на влијанието од демоните (Лука 11:24-26).

  •   Лажни учења. Религиите кои шират лажни учења ги наведуваат луѓето да му бидат непослушни на Бог (1. Коринќаните 10:20). Таквите лажни верувања Библијата ги нарекува „учења на демони“ (1. Тимотеј 4:1).

  •   Опседнатост од зли духови. Во Библијата пишува дека некои луѓе биле опседнати од зли духови. Понекогаш демоните предизвикувале луѓето да го изгубат видот, слухот, па дури и да се повредуваат (Матеј 12:22; Марко 5:2-5).

Како да му се спротивставиме на Ѓаволот

 Не мора да се плашиш од демоните бидејќи Библијата кажува како можеш да му се спротивставиш на Ѓаволот. Еве што можеш да направиш:

  •   Научи да препознаваш како Ѓаволот ги мами луѓето за да не те измами и тебе (2. Коринќаните 2:11).

  •   Проучувај ја Библијата и применувај го она што го учиш. Тоа ќе те заштити од влијанието на Ѓаволот (Ефешаните 6:11-18).

  •   Отстрани ги сите работи што се поврзани со демоните (Дела 19:19). Во нив спаѓаат музика, книги, списанија, слики, постери и филмови во кои има спиритизам.