Префрли се на текстот

Дали Бог ќе ги чуе моите молитви за помош?

Дали Бог ќе ги чуе моите молитви за помош?

Што вели Библијата:

 Да, Бог им помага на оние што искрено го молат за работи што се во склад со неговата волја. Во Библијата се спомнуваат луѓе што барале помош од Бог. Ако не си се молел никогаш досега, нивниот пример може да те поттикне и ти да го направиш истото. Некои од нив рекле:

  •   „Јас викам кон тебе за помош, Јехова“ (Псалм 88:13).

  •   „Боже, брзо помогни ми“ (Псалм 70:5).

 Се разбира, писателите на овие зборови имале цврста вера во Бог. Сепак, Бог ги слуша сите што му се молат од срце, како што се оние кои се „скршени во срцето“ или се „со скршен дух“ (Псалм 34:18).

 Не треба да мислиш дека Бог е толку далечен што не се интересира за твоите проблеми. Во Библијата пишува: „Јехова е високо, а сепак го гледа понизниот. А надмениот го познава само оддалеку“ (Псалм 138:6). И самиот Исус еднаш им рекол на своите ученици: „Вам и секое влакно на главата ви е изброено“ (Матеј 10:30). Бог знае за тебе сѐ, дури и детали за кои ни ти самиот не си свесен. Тогаш, сигурно ќе ги чуе твоите молитви за помош кога ти е тешко! (1. Петрово 5:7).