Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Чудесниот елемент

Чудесниот елемент

„Ниту еден елемент не е толку неопходен за живот како јаглеродот“, пишува во една научна книга (Nature’s Building Blocks). Уникатните карактеристики на јаглеродот му овозможуваат да формира врски со други атоми на јаглерод, како и со многу други хемиски елементи, при што се создаваат милиони соединенија. Голем број такви соединенија постојано се откриваат или се добиваат по вештачки пат.

Како што покажуваат наведените примери, со соединување на јаглеродните атоми се формираат разни облици како, на пример, синџири, пирамиди, прстени, плочи и цевки. Јаглеродот навистина е чудесен елемент!

ДИЈАМАНТ

Атоми на јаглерод што формираат пирамиди, наречени тетраедри, и создаваат неверојатно цврста структура поради што дијамантот е најтврдата позната супстанција во природата. Совршениот дијамант, всушност, е само една молекула од јаглеродни атоми.

ГРАФИТ

Цврсто поврзани јаглеродни атоми распоредени во слоеви поврзани со слаба врска, кои можат да се лизгаат еден од друг како листови хартија наредени еден врз друг. Поради овие својства, графитот е добро средство за подмачкување, како и главна состојка на моливите. *

ГРАФЕН

Единечен слој од јаглеродни атоми поставени во облик на мрежа, или решетка од шестаголници. Графенот се карактеризира со многупати поголема издржливост на истегнување од челикот. Трагата од молив може да содржи мала количина на графен во единечен слој или, пак, во повеќе слоеви.

ФУЛЕРЕН

Шупливи молекули на јаглерод кои се јавуваат во разни облици, меѓу кои и микроскопски топчиња и цевчиња наречени наноцевки. Тие се мерат во нанометри, или милијардити делови од метарот.

ЖИВИ ОРГАНИЗМИ

Јаглеродот е основен градежен елемент на многуте клетки од кои се состојат растенијата, животните и луѓето. Тој се наоѓа во јаглехидратите, мастите и аминокиселините.

„[Божјите] невидливи својства... се распознаваат по она што е создадено“ (Римјаните 1:20).

^ пас. 7 Види ја статијата „Има ли некој молив?“ во изданието на Разбудете се! од јули 2007.