Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ИДЕИ ЗА ПРОУЧУВАЊЕ

Длабоко проучувај за да останеш духовно буден

Длабоко проучувај за да останеш духовно буден

Прочитај Даниел 9:1-19 за да дознаеш зошто е важно длабоко да проучуваш.

Дознај повеќе од контекстот. Кои настани се случиле претходно и како тие влијаеле врз Даниел? (Дан. 5:29 — 6:5). Како би се чувствувал ти кога би бил на местото на Даниел?

Истражувај ги деталите. Кои книги можеби ги проучувал Даниел? (Дан. 9:2; w11 1/1 22, пас. 2). Зошто Даниел ги признал своите престапи и престапите на другите Израелци? (3. Мој. 26:39-42; 1. Цар. 8:46-50; dp 182-184). Како молитвата на Даниел покажува дека длабоко ја проучувал Божјата Реч? (Дан. 9:11-13).

Размисли кои се поуките. Прашај се:

  • „Што можам да правам за настаните во светот да не ми го одвлечат вниманието?“ (Мих. 7:7)

  • „Како ќе ми користи тоа што длабоко ќе ја проучувам Божјата Реч, како што правел и Даниел?“ (w04 1/8 12, пас. 17)

  • „Кои теми за лично проучување ќе ми помогнат да останам духовно буден?“ (Мат. 24:42, 44; w12 15/8 5, пас. 7-8)