Префрли се на текстот

Општи правила за користење колачиња и слични технологии

Општи правила за користење колачиња и слични технологии

За да Ви го обезбедиме најдоброто дигитално искуство, можеби ќе зачуваме или ќе вратиме назад мала количина податоци на Вашиот мобилен телефон, таблет или компјутерски хард диск со помош на колачиња и слични технологии. Колачињата помагаат оваа интернет-страница да функционира и ни даваат информации во врска со тоа како таа се користи. Овие информации ги користиме за да ја подобриме нашата интернет-страница. Не го утврдуваме идентитетот на посетителите освен ако тие доброволно не ни дадат контакт-информации преку некој од формуларите или молбите на страницата. Изразот „колачиња“ (cookies) во овие Општи правила се користи во поширока смисла и вклучува слични технологии, како што се localStorage, веб-бикони, пиксели и идентификатори. Овие технологии можат да ни обезбедат одредени информации што се на Вашиот компјутер, како што се големината на екранот, времето и датумот кога се прегледува некоја страница и URL- адресата на страницата која е отворена.

Ниту еден од податоците што ќе ги зачуваме или вратиме назад никогаш нема да биде продаден, искористен за маркетингшки цели или искористен за да се запомнат други страници кои сте ги пребарувале на интернет. Не користиме колачиња за таргетирање или маркетинг.

Видови колачиња. Има различни видови колачиња со различни функции кои обично Ви го олеснуваат користењето на страницата. Може да користиме колачиња за да видиме дали и порано сте биле на страницата или за да се запомнат поставките што сте ги избрале кога сте ја користеле. На пример, во колаче може да сочуваме кој јазик сте го избрале за да Ви се отвори страницата на истиот јазик кога повторно ќе ја посетите.

Колачињата што ги користиме на нашата интернет-страница може да се поделат на три категории:

  1. Неопходни колачиња. Некои колачиња се неопходни за да може да функционира нашата страница, за да можете да пребарувате на страницата или за да користите некои функции на страницата. Овие колачиња обично се користат само со цел да Ви овозможиме да ги добиете услугите кои сте ги побарале, како што се поставки за приватност, најава или пополнување формулари. Без овие колачиња не можат да се обезбедат некои од услугите што сте ги побарале, како давање на онлајн донации. Овие колачиња не собираат информации што би можеле да се користат за маркетинг и не памтат на кои сѐ интернет-страници сте биле.

  2. Колачиња за фунционалност. Овие колачиња се користат за да може интернет-страницата да запомни каков избор сте направиле (како што е Вашето корисничко име, јазик или регион), како и за да Ви се овозможи користење на додатни опции. Овие колачиња го подобруваат Вашето корисничко искуство, ја подобруваат функционалноста на страницата и Ви овозможуваат да ја приспособите страницата според Вашите желби.

  3. Колачиња за статистика и дијагностика. Овие колачиња собираат информации за тоа како посетителите ја користат и вршат интеракција со оваа интернет-страница, на пример, колку луѓе ја посетиле страницата или колку долго се задржале на неа. Ние ги користиме овие податоци исклучиво за да се подобри работата на страницата, вклучувајќи ги нејзиниот изглед, перформансите и стабилноста.

Повеќето колачиња се сопствени колачиња, односно нив ги поставува нашата интернет-страница. Некои колачиња потекнуваат од некоја друга интернет-страница. На списокот на колачиња кои ги користиме, јасно е наведено кои колачиња потекнуваат од некоја друга интернет-страница.

Користење IP адреси. IP адреса е нумерички код што го идентификува вашиот уред на интернет. Вашата IP адреса и видот на пребарувач ги користиме за да ги анализираме навиките на корисниците, да утврдиме проблеми, да ја подобриме услугата што Ви ја нудиме и да овозможиме и да ја зачуваме безбедноста на страницата.

Вашиот избор. Можете да ги менувате поставките за колачиња во секое време така што ќе кликнете на копчето „Поставки за приватност“ кое се наоѓа на дното од секоја наша интернет-страница (види ја листата подолу). За неопходните колачиња не е потребна Ваша согласност. За сите други видови колачиња, потребна е Ваша согласност за да бидат прифатени или избришани од Вашиот уред. Имајте на ум дека со тоа што ќе ги смените Вашите поставки, колачињата кои веќе сте ги прифатиле нема да се избришат. Ако сакате да ги избришете, ова можете да го наместите во поставките на Вашиот пребарувач. Меѓутоа, бидете свесни дека без колачиња можеби нема да можете да ги користите сите функции на интернет-страницата. Начинот на отстранување на колачињата зависи од видот на пребарувач кој го користите. Целосни упатства може да најдете во менито „Помош“ (Help) на Вашиот пребарувач или доколку ја посетите страницата www.allaboutcookies.org.

Изберете интернет-страница од списокот подолу за да видите примери за тоа како се користат колачиња на таа страница:

Видете го и документот Користење колачиња и слични технологии на некои од нашите интернет-страници.