Префрли се на текстот

Зошто местото каде што се собираат Јеховините сведоци не се нарекува црква?

Зошто местото каде што се собираат Јеховините сведоци не се нарекува црква?

 Во Библијата, грчкиот збор кој понекогаш се преведува со „црква“ се однесува на луѓе кои се собрани за да го обожаваат Бог, а не на местото на кое се состануваат.

 Размисли за следниов пример: Во своето писмо до христијаните во Рим, апостол Павле испратил поздрави до Акила и Прискила и до „црквата што се собира во нивниот дом“ (Римјаните 16:5, Радосна Вест). Се разбира, Павле не сакал да испрати поздрав до куќата, туку до луѓето што биле собрани во неа. a

 Затоа, местото каде што се собираме за да го обожаваме Бог не го нарекуваме црква, туку „Сала на Јеховините сведоци“.

Зошто на нашите сали стои натпис „Сала на Јеховините сведоци“?

 Овој натпис е соодветен од следниве причини:

  •   Местото каде што се собираме е сала, односно место за состанување.

  •   Се состануваме за да го обожаваме Јехова, Богот за кој зборува Библијата и чие име го носиме (Псалм 83:18; Исаија 43:12).

 Срдечно те покануваме да дојдеш во Салата на Јеховините сведоци во твоето место и да видиш како се одржуваат нашите состаноци.

a Слични изјави се појавуваат и во 1. Коринќаните 16:19 (Радосна Вест), Колошаните 4:15 (Превод на МПЦ) и Филимон 2 (Радосна Вест).