Префрли се на текстот

Дали Јеховините сведоци забрануваат одредени филмови, книги или песни?

Дали Јеховините сведоци забрануваат одредени филмови, книги или песни?

 Не. Нашата организација не одредува кои филмови, книги или песни треба да ги избегнуваме. Зошто?

  Библијата го поттикнува секој од нас да научи да ја користи својата „моќ на согледување“ за да разликува што е добро, а што лошо (Евреите 5:14).

  Во Библијата се запишани некои основни начела што можат да им помогнат на христијаните во изборот на забава. a На секое поле од нашиот живот најважно ни е да ,испитуваме што е прифатливо за Господарот‘ (Ефешаните 5:10).

  Од Библијата дознаваме дека мажот, односно таткото, како глава на семејството има право да донесе некои одлуки за своето семејство. Затоа, во својот дом може да забрани некој вид забава (1. Коринќаните 11:3; Ефешаните 6:1-4). Но, надвор од семејниот круг, никој нема право да им забранува на своите соверници одредени филмови, песни или изведувачи (Галатите 6:5).

a На пример, Библијата го осудува сето она што е поврзано со спиритизам, сексуален неморал или насилство (5. Мојсеева 18:10-13; Ефешаните 5:3; Колошаните 3:8).