Префрли се на текстот

Дали Исус воскреснал во човечко или во духовно тело?

Дали Исус воскреснал во човечко или во духовно тело?

Што вели Библијата:

 За Исус, Библијата вели: „Беше убиен во тело, но беше оживеан [воскреснат] во духот“ (1. Петрово 3:18; Дела 13:34; 1. Коринќаните 15:45; 2. Коринќаните 5:16).

 Она што самиот Исус го рекол покажува дека немало да воскресне во тело од крв и месо. Тој рекол дека своето ,тело ќе го даде за животот на светот‘ како откупнина за луѓето (Јован 6:51; Матеј 20:28). Да воскреснел во истото тело, откупната жртва немало да има вредност. Но, тоа не е можно зашто Библијата вели дека тој го жртвувал своето тело „еднаш засекогаш“ (Евреите 9:11, 12).

Штом Исус воскреснал во духовно тело, тогаш како можеле неговите ученици да го видат?

  •  Духовните суштества можат да се појавуваат во човечки облик. На пример, ангелите кои го правеле тоа во минатото дури јаделе и пиеле со луѓето (1. Мојсеева 18:1-8; 19:1-3). Меѓутоа, и понатаму биле духовни суштества и можеле да го напуштат материјалниот свет (Судиите 13:15-21).

  •  Откако воскреснал, Исус повремено се појавувал во човечки облик, исто како и ангелите претходно. Но, како духовно суштество, тој можел да се појави или да исчезне одеднаш (Лука 24:31; Јован 20:19, 26). Не се појавувал секогаш во исто тело и затоа неговите блиски пријатели можеле да го препознаат само по она што им го кажувал или по она што го правел (Лука 24:30, 31, 35; Јован 20:14-16; 21:6, 7).

  •  Во една прилика, Исус му се појавил на апостол Тома во тело на кое имало лузни од рани. Ова го сторил за да му ја зајакне верата на Тома, кој се сомневал дека Исус воскреснал (Јован 20:24-29).