Префрли се на текстот

Библиски видеоклипови — основни учења

Овие кратки видеоклипови даваат одговор на важни библиски прашања, како што се: Зошто Бог ја создал Земјата? Во каква состојба се мртвите? Зошто Бог ги допушта страдањата?

Како настанала вселената?

Библискиот извештај за создавањето мнозина не го разбираат исправно, па дури и го сметаат за обична бајка. Дали може да веруваме во она што го вели Библијата?

Дали постои Бог?

Испитај ги доказите кои потврдуваат дека е логично да се верува дека Бог постои.

Дали Бог има име?

Бог има многу титули, како што се Семоќен, Творец и Господар. Но, Божјето име го има во Библијата над 7.000 пати.

Ти можеш да бидеш пријател со Бог!

Со векови, луѓе од целиот свет чувствувале потреба да го запознаат својот Творец. Библијата може да ни помогне да станеме пријатели со Бог. А за тоа, најпрво треба да го дознаеме неговото име.

Кој е Автор на Библијата?

Со оглед на тоа што ја пишувале луѓе, дали може со право да биде наречена Божја Реч? Чии мисли ги содржи Библијата?

Дали Библијата е книга од Бог?

Ако Библијата навистина е книга од Бог, тогаш би требало да се разликува од сите други книги.

Зошто Бог ја создал Земјата?

Земјината оска е поставена под идеален агол, оддалеченоста на Земјата од Сонцето е идеална и ротира со идеална брзина. Зошто Бог ја создал оваа убава планета?

Која е смислата на животот?

Дознај кој е клучот за среќен и исполнет живот.

Што се случува со луѓето по смртта?

Библијата ветува дека ќе дојде време кога голем број луѓе ќе воскреснат како Лазар.

Дали постои пекол?

Библијата кажува дека „Бог е љубов“, и затоа никогаш не би ги мачел луѓето за грешките што ги правеле пред да умрат.

Дали Исус Христос е Бог?

Дали Исус Христос и Семоќниот Бог се една иста личност? Или, пак, тоа се две различни личности?

Зошто умрел Исус?

Можеби си чул дека Исус умрел за нашите гревови. Дали неговата жртва може да им користи на милиони луѓе?

Што е Божјето Царство?

Божјето Царство е главната тема за која поучувал Исус Христос. Неговите следбеници со векови се молат да дојде тоа Царство.

Божјето Царство почнало да владее во 1914

Пред повеќе од 2.600 години, на еден моќен цар, Бог му дал пророчки сон кој се исполнува денес.

Од 1914 светот повеќе не е ист

Условите и ставовите што се гледаат во светот од 1914 наваму, покажуваат дека библиските пророштва за „последните денови“ се исполнуваат.

Дали Бог ги предизвикува природните катастрофи?

Две жени кои биле жртви на природни катастрофи раскажуваат што дознале од Библијата.

Зошто Бог ги дозволува страдањата?

Одговорот што го дава Библијата ни влева утеха и надеж.

Дали Бог ги одобрува сите религии?

Многу луѓе мислат дека воопшто не е важно на која религија ѝ припаѓаш.

Дали Бог сака да користиме кипови и икони?

Дали тие можат да ни помогнат да бидеме блиски со Бог кого не можеме да го видиме?

Дали Бог ги слуша сите молитви?

Што ако некој се моли од себични причини? Што ако еден маж ја малтретира својата жена, а потоа се моли Бог да го благослови?

Кое е Божјето гледиште за бракот?

Бог сака твојот брак да биде успешен. Мудрите совети од Библијата им помогнале на многу брачни парови.

Што мисли Бог за порнографијата?

Дали зборот „порнографија“ се спомнува во Библијата? Од каде знаеме што мисли Бог за порнографијата?