Префрли се на текстот

Библиски стих за секој ден

Библиски стих за секој ден

Брошурката Секојдневно истражување на Писмото содржи по еден стих од Библијата за секој ден, како и коментар за тој стих. Оваа публикација може да ти помогне да го започнеш денот со позитивни и охрабрувачки мисли за некоја библиска тема.

Иако стихот и коментарот можеш да ги прочиташ во кој и да било период од денот, многумина сметаат дека најмногу им користи кога ги читаат наутро. Така можат да размислуваат за тие информации во текот на целиот ден. Ако имаш семејство, сигурно ќе биде корисно доколку заеднички го разгледувате дневниот стих.

Дневниот стих можеш да го најдеш во ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКАТА Watchtower или можеш да ги преземеш стиховите за целата година во PDF формат, кој соодветствува на печатеното издание.