Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Одговор на библиски прашања

Одговор на библиски прашања

Што значи да бидеш добар родител?

Го учиш ли своето дете да го сака Бог?

За среќно детство е потребен топол дом во кој родителите се сакаат и се почитуваат (Колошаните 3:14, 19). Добрите родители ги сакаат своите деца и знаат да ги пофалат, исто како што Јехова Бог во повеќе прилики го пофалил својот Син. (Прочитај Матеј 3:17.)

Нашиот небесен Татко ги слуша молитвите на своите слуги и обрнува внимание на нивните чувства. Родителите треба да учат од него и да слушаат кога децата сакаат да им кажат нешто (Јаков 1:19). Тие треба да покажат разбирање за чувствата на детето, дури и кога искажува негативни чувства. (Прочитај 4. Мојсеева 11:11, 15.)

Како да ги изведеш децата на прав пат?

Како родител, имаш авторитет да поставуваш правила (Ефешаните 6:1). Учи од Бог. Тој покажува љубов кон своите деца така што јасно им кажува кои се правилата и какви ќе бидат последиците ако не му се послушни (1. Мојсеева 3:3). Но, тој не ги присилува луѓето да му бидат послушни, туку ги поучува дека е за нивно добро да го прават она што е исправно. (Прочитај Исаија 48:18, 19.)

Постави си за цел да им всадиш на своите деца љубов кон Бог. Така ќе постапуваат мудро дури и кога не си со нив. Исто како што Бог нѐ поучува со својот пример, така и ти со твојот пример поучи ги своите деца да го сакаат Бог. (Прочитај 5. Мојсеева 6:5-7; Ефешаните 4:32; 5:1.)