Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | РАБОТАТА ГО КРАСИ ЧОВЕКОТ

Физички напорна работа — дали е за потценување?

Физички напорна работа — дали е за потценување?

Алекс воздивнува откако става уште една кутија во камионот на фирмата за којашто работи. „До кога ќе го работам ова?“, се прашува. „Ќе успеам ли да најдам подобра работа? Камо да не морав вака да се мачам!“

Исто како Алекс, многумина денес не сакаат физички да работат. Еден автомеханичар по име Арон вели: „На многу луѓе им е под честа да работат физичка работа. Тие си мислат: ‚Ова ќе го работам додека не најдам нешто подобро‘“.

Зошто многу луѓе не ја сакаат физичката работа? Можеби се под влијание на медиумите, според кои „идеален“ живот е животот исполнет со луксуз и леснотија. „За луѓето, колку потешка работа имаш толку понеуспешен си“, вели Метју, кој работи како хаусмајстор. Шејн, кој работи како домар, го мисли истото. Тој вели: „Сѐ повеќе луѓе не сакаат да се помачат дури ни за пари“.

Од друга страна, многу успешни луѓе уживаат во работата дури и кога не им е лесно. „Според мене, напорната работа навистина се исплаќа, особено кога со неа се постигнуваат вредни цели“, вели еден 25-годишен градежен работник по име Даниел. Слично размислува и 23-годишниот Андре. Тој вели: „За мене, работата е поврзана со среќата и задоволството во животот. Ако работиш помалку нема да бидеш посреќен — само повеќе ќе се досадуваш!“

Како успеале Даниел, Андре и други да стекнат позитивно гледиште за напорната работа? Така што ги примениле советите од Библијата. Таа нѐ поттикнува да работиме, и тоа трудољубиво. Освен тоа, Библијата ни помага да најдеме задоволство во работата.

Кои совети од Божјата реч можат да ти помогнат да најдеш такво задоволство? Во следната статија ќе спомнеме неколку од нив.