Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Како ни користи жртвата на Исус

Како ни користи жртвата на Исус

 Еднаш годишно, Јеховините сведоци и милиони нивни гости низ целиот свет се собираат за да ја одбележат Спомен-свеченоста по повод смртта на Исус, токму како што заповедал тој (Лука 22:19). Овој настан ни помага да сфатиме од колкаво значење е тоа што Исус го дал својот живот за луѓето. Исто така, ни помага да сфатиме и од какво значење може да биде неговата жртва за нас — и сега и во иднина (Јован 3:16).

 Сеедно дали си присуствувал на Спомен-свеченоста оваа година или не, како може лично тебе да ти користи жртвената смрт на Исус? Исус кажал да правиме две важни работи:

  1.  1. Да учиме за Бог и за Исус. Во една прилика, кога му се молел на својот небесен Татко, Исус рекол: „За да добијат вечен живот, треба добро да те запознаат тебе, единствениот вистински Бог, и оној кого го испрати, Исус Христос“ (Јован 17:3).

  2.  2. Да живееме во склад со она што го учиме. Исус нагласил дека треба да живееме во склад со неговите учења. На пример, познатата Проповед на гората ја завршил така што го пофалил секој што „ги слуша [неговите] зборови и ги извршува“ (Лука 6:46-48). И во една друга прилика кажал нешто слично: „Кога го знаете тоа, среќни сте ако го правите“ (Јован 13:17).

 Дали би сакал да дознаеш нешто повеќе за Бог и за Исус? Дали би сакал некои практични совети за тоа како да живееш во склад со она што го учиш? Еве како би можел да најдеш информации.

Библиски курс

 Нашиот бесплатен интерактивен курс им помогнал на мнозина подобро да ја запознаат Библијата и да почнат да живеат во склад со неа.

  •   За да дознаеш нешто повеќе, посети ја страницата Библиски курс со некој Јеховин сведок.

  •   За да дознаеш како изгледа еден библиски курс со Јеховините сведоци, гледај го видеоклипот Уживај во библискиот курс!

Состаноци на Јеховините сведоци

 Јеховините сведоци одржуваат состаноци двапати седмично во своите сали. На состаноците разгледуваме теми од Библијата и се поучуваме како да ги применуваме нејзините учења во својот живот.

 Овие состаноци се отворени за јавност; не мора да си Јеховин сведок за да присуствуваш на нив. Во зависност од локалните околности, може да ги следиш состаноците со физичко присуство или преку видеоконференција.

  •   Гледај го видеоклипот Како изгледаат состаноците на Јеховините сведоци? за да добиеш претстава како течат нашите состаноци.

Онлајн статии и видеоклипови

 Многу од статиите и видеоклиповите на оваа интернет-страница може да ти помогнат да дознаеш нешто повеќе за учењата на Исус и за тоа од колкава вредност е жртвата што ја дал.

 На пример, за да дознаеш како е можно од смртта на еден човек да имаат корист милиони луѓе, прочитај ги статиите „Исус е нашиот Спасител — што значи тоа?“ и „Зошто Исус страдал и умрел?“ или гледај го видеоклипот Зошто умрел Исус?