Префрли се на текстот

Кој владее со светот?

Кој владее со светот?

Мислиш ли дека владее...

  • Бог?

  • луѓето?

  • некој друг?

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

„Целиот свет е под власта на Злобниот“ (1. Јованово 5:19).

„Дојде Синот Божји, да ги уништи делата на Ѓаволот“ (1. Јованово 3:8, Свето писмо — превод Нов свет).

ШТО ЌЕ ЗНАЧИ ОВА ЗА ТЕБЕ

Ќе ти биде јасно зошто има толку проблеми во светот (Откровение 12:12).

Ќе имаш причина да веруваш дека условите во светот ќе се подобрат (1. Јованово 2:17).

МОЖЕМЕ ЛИ ДА Ѝ ВЕРУВАМЕ НА БИБЛИЈАТА?

Да, од најмалку три причини:

  • Владеењето на Сатана е осудено на пропаст. Јехова е решен да го ослободи човештвото од влијанието на Сатана. Тој ветува дека ќе го уништи Ѓаволот и ќе ја поправи сета штета што ја предизвикал Сатана (Евреите 2:14).

  • Бог го избрал Исус Христос да владее со светот. Исус е чиста спротивност на сегашниот суров и себичен владетел на светот. Во врска со владеењето на Исус, Бог ветува: „Ќе се сожали на бедниот и на сиромавиот... Од угнетување и од насилство ќе ја откупи нивната душа“ (Псалм 72:13, 14).

  • Бог не може да лаже. Библијата јасно вели дека е „невозможно Бог да лаже“ (Евреите 6:18). Кога Јехова ќе вети нешто, можеме да сметаме дека тоа веќе е исполнето! (Исаија 55:10, 11). „Владетелот на овој свет... ќе биде соборен“ (Јован 12:31, Радосна Вест).

РАЗМИСЛИ

Каков ќе биде светот откако ќе биде отстранет сегашниот владетел?

Одговорот можеш да го најдеш во Библијата во ПСАЛМ 37:10, 11 и во ОТКРОВЕНИЕ 21:3, 4.