Откровение 16:1-21

16  И чув силен глас+ од светилиштето како им вели на седумте ангели: „Одете и излејте ги на земјата седумте садови на Божјиот гнев“.+  И првиот+ отиде и го излеа својот сад на земјата.+ И им излегоа болни и погубни чиреви+ на луѓето што го имаа жигот на ѕверот+ и му се поклонуваа* на неговиот кип.+  И вториот+ го излеа својот сад во морето.+ И тоа се претвори во крв,+ како што е крвта од мртовец, и секоја жива душа изгина, сѐ што беше во морето.+  Третиот+ го излеа својот сад во реките+ и во изворите на вода. И тие се претворија во крв.+  И го чув ангелот што има власт над водите како вели: „Праведен си, ти кој си и кој беше,+ Боже лојален,+ бидејќи така пресуди.+  Зашто, тие ја пролеаја крвта на твоите свети слуги и на пророците,+ па ти им даде да пијат крв.+ Тоа и го заслужија“.+  И го чув жртвеникот како вели: „Да, Јехова Боже, Семоќен,+ исправни и праведни се твоите пресуди“.+  Четвртиот+ го излеа својот сад врз сонцето. И на сонцето му беше дадено да ги пече+ луѓето со оган.  И голема жештина ги печеше луѓето, но тие хулеа на името+ на Бог, кој ја има власта+ над тие неволји, и не се покајаа за да му оддадат слава.+ 10  Петтиот го излеа својот сад врз престолот на ѕверот.+ И неговото царство се замрачи.+ И луѓето си ги гризеа јазиците од болка, 11  но хулеа на небесниот Бог+ поради своите болки и чиреви, и не се покајаа за своите дела. 12  Шестиот+ го излеа својот сад врз големата река Еуфрат.+ И нејзината вода пресуши,+ за да се подготви патот за царевите+ од сончевиот исток. 13  И видов како од устата на змејот+ и од устата на ѕверот+ и од устата на лажниот пророк+ излегуваат три нечисти вдахновени изјави,+ кои личеа на жаби.+ 14  Тоа се изјави вдахновени+ од демони, кои прават чуда+ и одат кај царевите+ од целиот свет*+ за да ги соберат за војната+ која ќе се случи во големиот ден+ на Семоќниот Бог.+ 15  „Еве, доаѓам како крадец.+ Среќен е оној што бдее+ и ја чува својата облека, за да не оди гол и да не му се гледа срамот.“+ 16  И ги собраа на местото кое на хебрејски се вика Ар-Магедон.*+ 17  Седмиот го излеа својот сад врз воздухот.+ Тогаш еден силен глас+ излезе од светилиштето, од престолот, велејќи: „Завршено е!“ 18  И настанаа молњи и гласови и громови, и се случи голем земјотрес+ каков што не се случил откако има луѓе на земјата+ — толку силен беше тој земјотрес,+ толку јак. 19  И големиот град+ се распадна на три дела, и градовите на народите се урнаа. И Бог се сети на Големиот Вавилон,+ да го напои со чашата со вино од својата гневна лутина.+ 20  И сите острови ги снема, и горите исчезнаа.+ 21  И голем град,+ со зрна тешки околу еден талант,* падна од небото врз луѓето. И луѓето хулеа на Бог+ поради злото што го нанесе градот,+ бидејќи тоа зло беше многу големо.

Фусноти

Или: „го почитуваа (обожаваа)“.
Буквално: „целата населена земја“.
Или: „Армагедон“. Изразот значи „ридот кај Мегидо“.
Талантот тежел 20,4 килограми. Види ја фуснотата за Мт 18:24.