Исаија 63:1-19

63  Кој е тој што доаѓа од Едом,+ од Восор+ во облека со јаки бои, во величествена облека, и чекори полн со сила? „Јас сум тој што зборува во праведност,+ кој е полн со спасоносна сила.“+  Зошто ти е црвена облеката, и зошто се твоите облеки како на оние што гмечат грозје во гмечало?+  „Сам газев во кацата,+ ниту еден човек од народите не беше со мене. Ги газев во својот гнев,+ ги гмечев во својата лутина.+ Нивната крв бликаше и ми прскаше по облеката,+ па сите алишта ми се извалкаа.  Зашто, во срцето ми е денот на одмаздата,+ дојде годината за откупување на оние што се мои.  Гледав, но немаше помошник. Се чудев, но немаше кој да даде поддршка.+ Тогаш мојата рака донесе спасение,+ мојата лутина+ ме поддржа.  И ги газев народите во својот гнев, ги опив со својата лутина+ и ја пролеав на земјата нивната крв што бликаше.“+  Ќе ја спомнувам милоста* на Јехова,+ ќе го фалам Јехова, за сѐ што ни направи Јехова,+ за големата добрина спрема домот на Израел+ што му ја покажа поради своето милосрдие+ и поради својата голема милост.  Тој рече: „Навистина, тие се мој народ,+ синови кои никогаш нема да изневерат“.+ И така тој им стана Спасител.+  Во сите нивни неволји тој чувствуваше болка.+ Неговиот гласник ги спаси.+ Во својата љубов и во својата сомилост ги откупи,+ ги подигаше и ги носеше во сите дамнешни дни.+ 10  Но, тие се бунеа+ и го жалостеа неговиот свет дух.+ Затоа тој им стана непријател,+ војуваше против нив.+ 11  А тогаш народот се сети на дамнешните денови, на Мојсеј, неговиот слуга: „Каде е оној што ги изведе од морето+ со пастирите на своето стадо?+ Каде е оној што го стави во него својот свет дух,+ 12  оној што со својата прекрасна рака+ одеше покрај Мојсеевата десница, оној што ги раздвои водите пред нив+ за да си стекне вечно име,+ 13  оној што ги водеше низ разбрануваните води, така што, како коњ во пустина, не се сопнуваа?+ 14  Како што животното слегува во долината, така Јеховиниот дух ги водеше до починката“.+ Така ти го водеше својот народ за да си стекнеш прекрасно име.+ 15  Погледни од небото+ и види од своето возвишено живеалиште, свето и прекрасно!+ Каде ти е ревноста+ и сета сила, каде е твојата длабока трогнатост,+ каде е твоето милосрдие?+ Од сето тоа јас сум лишен.+ 16  Ти си наш татко.+ Дури и Авраам да не сака да знае за нас, дури и Израел да не нѐ признае, ти Јехова, сепак би бил наш Татко. Наш Откупител од дамнина, тоа е твоето име.+ 17  О Јехова, зошто нѐ пушти да залутаме од твоите патишта? Зошто допушти да се стврдне нашето срце и да не се бои од тебе?+ Врати се заради твоите слуги, заради племињата што се твое наследство!+ 18  Твојот свет народ+ кратко го имаше својот посед. Нашите противници го газат твоето светилиште.+ 19  Одамна станавме како оние над кои ти не владееш, како оние што не го носат твоето име.+

Фусноти

Или: „лојалната љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.