Даниел 2:1-49

2  Во втората година од царувањето на Навуходоносор, Навуходоносор сони соништа+ и се вознемири,*+ па не можеше повеќе да спие.  Затоа царот нареди да бидат повикани свештениците што се занимаваа со магија,+ оние што повикуваа духови, маѓепсниците и Халдејците за да му кажат на царот што сонувал.+ И тие дојдоа и застанаа пред царот.  Тогаш царот им рече: „Сонив еден сон и се вознемирив од желбата да дознаам што сум сонувал“.  Тогаш Халдејците му рекоа на царот на арамејски:+ „Царе, да си жив довека!+ Раскажи им го сонот на своите слуги, а ние ќе ти го откриеме неговото значење“.+  А царот им одговори на Халдејците: „Давам збор: ако не ми кажете што сум сонувал и што значи сонот, ќе бидете распарчени,+ а вашите куќи ќе бидат претворени во јавни нужници.+  Но, ако ми го откриете сонот и неговото значење, ќе добиете од мене дарови, подароци и голема чест.+ Затоа откријте ми го сонот и неговото значење“.  Тогаш тие му одговорија по вторпат: „Царот нека им го раскаже сонот на своите слуги, а ние ќе го откриеме неговото значење“.  А царот одговори: „Добро знам дека сакате да добиете на време, зашто знаете дека дадов збор.  Ако не ми кажете што сум сонувал, ве чека само една пресуда.+ А вие сте се договориле да зборувате пред мене лага и измама+ за да добиете на време. Затоа, кажете ми го сонот, па ќе знам дали можете да го откриете и неговото значење“. 10  А Халдејците му одговорија на царот: „Нема човек на земјава што би можел да му го открие тоа на царот. Затоа ниту еден голем цар или владетел не побарал такво нешто од ниту еден свештеник што се занимава со магија, ниту од некој што повикува духови, ниту од некој Халдеец. 11  А она што го бара царот е тешко, и нема таков што може да му го открие тоа на царот, освен боговите,+ а тие не живеат меѓу луѓето“.+ 12  Поради тоа, царот се налути и многу се разгневи,+ па нареди да бидат погубени сите вавилонски мудреци.+ 13  Кога беше издадена наредбата и кога мудреците требаше да бидат погубени, ги побараа Даниел и неговите другари за да ги погубат и нив. 14  Тогаш Даниел му се обрати со мудри и разумни зборови+ на Ариох, заповедникот на царската телесна стража, кој излезе да ги погуби вавилонските мудреци. 15  Го праша Ариох, царевиот заповедник: „Зошто царот издаде толку строга наредба?“ И Ариох му кажа на Даниел за што стануваше збор.+ 16  А Даниел отиде и го замоли царот да му даде време, па тогаш ќе му го протолкува сонот на царот.+ 17  Потоа Даниел отиде дома и им раскажа сѐ на своите другари Ананиј, Мисаил и Азариј 18  за да го молат за милост+ небесниот Бог+ поради таа тајна,+ за Даниел и неговите другари да не бидат погубени заедно со другите вавилонски мудреци.+ 19  Тогаш на Даниел му беше откриена тајната во ноќно видение.+ Затоа Даниел го благослови+ небесниот Бог. 20  Даниел проговори и рече: „Нека е благословено+ Божјето име од века и до века, бидејќи негови се мудроста и моќта!+ 21  Тој ги менува времињата и раздобјата,+ соборува цареви и поставува цареви,+ им дава мудрост на мудрите и знаење на разборитите.+ 22  Го открива она што е длабоко и скриено,+ знае што е во темнината+ и кај него престојува светлината.+ 23  Тебе, Боже на моите прататковци, ти благодарам и те фалам+ зашто ми даде мудрост+ и моќ. И ми го објави она за кое те молевме, ни го објави она што го бараше царот“.+ 24  Затоа Даниел отиде кај Ариох,+ кого царот го одреди да ги погуби вавилонските мудреци.+ Отиде и вака му рече: „Немој да ги погубуваш вавилонските мудреци! Одведи ме пред царот+ за да му откријам на царот што значи сонот“. 25  Тогаш Ариох брзо го одведе Даниел пред царот и вака му рече: „Меѓу изгнаниците+ од Јуда најдов човек што може да му каже на царот што значи сонот“. 26  Потоа царот го праша Даниел, кој се викаше Валтазар:+ „Можеш ли навистина да ми го кажеш сонот што го сонував и неговото значење?“+ 27  А Даниел му одговори на царот: „Тајната за која прашува царот не можат да му ја откријат на царот ни мудреците, ни оние што повикуваат духови, ни свештениците што се занимаваат со магија, ни оние што ги познаваат ѕвездите.*+ 28  Но има Бог на небото, кој ги открива тајните,+ и тој му објавува на цар Навуходоносор што ќе се случи во последните денови.+ Ова е твојот сон и ова се виденијата што ти поминувале низ глава на твојата постела: 29  Тебе, царе, на постелата+ ти дошле мисли за тоа што ќе се случи во иднина, и Оној што открива тајни ти објавил што ќе се случи.+ 30  А мене оваа тајна не ми е откриена+ затоа што сум помудар од сите живи, туку за да му се објави значењето на царот и за да ги дознаеш мислите на своето срце.+ 31  Ти царе, виде голем кип. Тој кип, голем и особено сјаен, стоеше пред тебе и изгледаше страшно. 32  Главата на тој кип беше од чисто злато,+ градите и рацете од сребро,+ стомакот и колковите од бакар,+ 33  нозете од железо,+ стапалата делумно од железо, а делумно од глина.+ 34  Додека ти гледаше, се отцепи камен, без да го допрат човечки раце,+ и го удри кипот во стапалата од железо и глина, и ги здроби.+ 35  Тогаш одеднаш се здроби железото, глината, бакарот, среброто и златото, и сѐ стана како плева на гумно лете,+ и ветрот однесе сѐ без трага.+ А каменот што удри во кипот стана голема планина и ја исполни целата земја.+ 36  Тоа е сонот, а неговото значење ќе му го кажеме на царот.+ 37  Ти, царе, царе над царевите, кому небесниот Бог му даде царство,+ моќ, сила и достоинство, 38  и во чии раце ги даде+ полските животни и птиците небесни+ секаде каде што живеат синовите човечки, и кого го постави за владетел над сите нив, ти си главата од злато.+ 39  По тебе ќе се крене друго царство,+ послабо од твоето,+ па трето царство, од бакар, кое ќе владее над целата земја.+ 40  А четвртото царство+ ќе биде цврсто како железо.+ Зашто, како што железото дроби и толчи сѐ, така и тоа, како железо што разбива, ќе ги здроби и ќе ги разбие сите тие царства.+ 41  Тоа што виде дека стапалата и прстите се делумно од грнчарска глина, а делумно од железо,+ значи дека царството ќе биде разделено,+ но ќе има нешто од цврстината на железото, бидејќи си видел железо помешано со влажна глина.+ 42  Тоа што прстите на стапалата се делумно од железо, а делумно од глина, значи дека царството ќе биде делумно цврсто, а делумно кршливо. 43  А тоа што си видел железо помешано со влажна глина, значи дека тие ќе се помешаат со човечкото потомство, но нема да се држат заедно, едно со друго, како што ни железото не може да се измеша со глината. 44  Во деновите на тие цареви,+ небесниот Бог+ ќе подигне царство,+ кое нема никогаш да пропадне.+ И тоа царство нема да премине на некој друг народ.+ Тоа ќе ги сотре и ќе ги уништи сите други царства,+ а самото ќе стои довека,+ 45  зашто виде дека камен се отцепи од планината, без да го допрат човечки раце,+ и дека ги здроби железото, бакарот, глината, среброто и златото.+ Великиот Бог+ му објавува на царот што ќе се случи во иднина.+ Сонот е вистинит, а толкувањето веродостојно“.+ 46  Тогаш цар Навуходоносор падна ничкум и му се поклони на Даниел, па нареди да му принесат подарок и темјан.+ 47  Потоа царот му се обрати на Даниел: „Вашиот Бог навистина е Бог над боговите,+ Господар над царевите+ и Оној што ги открива тајните, штом можеше да ја откриеш оваа тајна“.+ 48  Тогаш царот го возвиши+ Даниел и му даде многу големи дарови, па го постави за владетел над целата вавилонска покраина+ и за главен надгледник над сите вавилонски мудреци. 49  А на молба на Даниел, царот ги постави Седрах, Мисах и Авденаго+ да раководат со вавилонската покраина, додека Даниел остана во царскиот дворец.+

Фусноти

Буквално: „духот му се вознемири“.
Или: „астролозите“.