Галатите 2:1-21

2  Потоа, по четиринаесет години, пак отидов во Ерусалим+ заедно со Варнава,+ а го поведов и Тит.  А отидов затоа што добив објава од небото.+ И ја изнесов пред истакнатите браќа+ добрата вест што ја проповедам меѓу незнабошците, но тоа им го кажав насамо. Сакав да бидам сигурен дека не трчам,+ или дека не сум трчал залудно.+  Но дури ни Тит,+ кој беше со мене, не беше присилен да се обреже,+ иако е Грк.  И сѐ поради лажните браќа,+ кои скришум се вовлекоа+ и се поткраднаа за да ја загрозат нашата слобода+ што ја имаме во единство со Христос Исус, за да нѐ направат робови.+  Ние не им попуштивме+ ниту за миг, не им се покоривме, со цел вистината+ на добрата вест да остане кај вас.  А оние што ги сметаа за угледни+ — без разлика какви биле некогаш, мене ми е сеедно,+ зашто Бог не гледа кој е кој+ — тие истакнати мажи, всушност, мене не ми дадоа ништо ново.  Туку, напротив, кога видоа дека ми е доверена+ добрата вест за необрежаните,+ како што му е доверена на Петар за обрежаните+  зашто оној што го овласти Петар за апостолство меѓу обрежаните, ме овласти и мене+ да одам кај незнабошците —  и кога дознаа за незаслужената доброта+ која ми беше покажана,+ Јаков+ и Кифа и Јован, кои беа сметани за столбови,+ ни ја подадоа мене и на Варнава+ десницата во знак на согласност+ — ние да одиме кај незнабошците, а тие кај обрежаните. 10  Само нѐ замолија да мислиме на сиромасите.+ Токму тоа и го правев ревносно.+ 11  Но кога Кифа+ дојде во Антиохија,+ му се спротивставив в лице, бидејќи заслужи осуда.+ 12  Имено, пред да стигнат некои соработници на Јаков,+ тој јадеше+ со оние што беа од другите народи,* но кога стигнаа тие, почна да се повлекува и да се одвојува, зашто се плашеше+ од оние од класата на обрежаните.+ 13  И останатите Евреи почнаа да се преправаат исто како него,+ така што дури и Варнава+ се поведе по нив, па и тој почна да се преправа. 14  Но кога видов дека не постапуваат* исправно, според вистината на добрата вест,+ му реков на Кифа пред сите нив:+ „Кога ти, кој си Евреин, живееш како оние од другите народи, а не како Евреите, како можеш да ги принудуваш оние од другите народи да живеат според еврејските обичаи?“+ 15  Ние што сме Евреи по раѓање,+ а не грешници+ од незнабошците, 16  и знаеме дека човек не се прогласува за праведен+ поради вршење на делата пропишани со законот, туку поради верата+ во Христос Исус, и ние поверувавме во Христос Исус за да бидеме прогласени за праведни поради верата во Христос,+ а не поради вршење на делата пропишани со законот, зашто поради вршењето на тие дела ниту еден човек нема да биде прогласен за праведен.+ 17  А ако ние, настојувајќи да бидеме прогласени за праведни преку Христос,+ и самите сме се покажале како грешници,+ дали тогаш Христос е во служба на гревот?+ Никако! 18  Зашто, ако повторно го градам она што сум го урнал,+ покажувам дека сум престапник.+ 19  Според прописите на законот, јас умрев за законот+ за да живеам за Бог.+ 20  Прикован сум на столб* со Христос.+ Не живеам повеќе јас,+ туку Христос кој живее во мене.+ Зашто, животот што сега го живеам+ во тело, го живеам поради верата во Синот Божји, кој ме сакаше и се предаде себеси за мене.+ 21  Јас не ја отфрлам Божјата незаслужена доброта,+ оти ако праведноста доаѓа преку законот,+ тогаш Христос залудно умрел.+

Фусноти

Или: „незнабошците“.
Буквално: „одат“.
Види го додатокот 8.